Точакот кој ќе ги спаси Скопјани

Единствената допирна точка помеѓу Пекинг и Скопје е „чистотата” на воздухот. Иако и тука Кинезите водат во бројките, како што тргнала работава може и да ги стигнеме.

Нејсе, било какво возење на точак, рекреативно, професионално или користење само како превозен медиум низ хаосот што се случува во воздухот не е баш фина работа што може да не снајде, но сепак точак си е точак, па луѓето го возат. Епа сега има вселенско – аеронаутичка варијанта да го правите тоа без да ви се заглави некој ауспух во грло.

Пекиншкиот станар, Мет Хоуп (какво надежно презиме) успеал да ги искомбинира неговите механичко-електричарски знаења и од отпадни делови да направи филтер точак или како што е наречен Breathable Bike.

Велосипедот ја користи енергијата од самиот себе (односно од возачот) со што го покренува делот од правосмукалка која делува како филтер. Вдишувачките параферналија вклучуваат црево, кинеска џет-фајтерска маска и шлем на кој има вентилатор за циркулирање на издишаниот воздух.

Единствениот негативен дел од оваа еко-склопка е тоа што доколку ја возиш на дожд може да те утепа струја.

За повеќе информации за квалитетот на воздухот тука