Наслов

Титоврвски на „Титов Врв 2015"

Вчера 25.05.15 успшно се реализираше, 34-то традиционално искачување „Титов Врв 2015" Планинарскиот Клуб „Љуботен" од Тетово им благодари на сите учесници на настанот.

На настанот имаше вкупно 700 учесници. 680 планинари се искачија на висина од 2747 метри. На манифестацијата учествуваа 32 планинарски друштва од Македонија, Бугарија, Србија, Косово и Црна Гора. Дел од манифестацијата беше и амбасадорката на Франција, Лоренс Оер. П.К. „Љуботен" од свое име и од името на ПЕД „Аргентус Моунт" се заблагодарува на сите кои помогнаа во акцијата за реновирање на кулата на Титов Врв.

До кулата беа однсени 330 пластични шишиња со вода.  Голема благодарност до покровителот, ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и Генералниот Спонзор ТТК Банка. Благодарност и до Скијачкиот центар Попова Шапка, Полициската Станица - Попова Шапка, ПАН Компјутери, медиумскиот покровител ТВ Ултра, санитетскиот покровител А-В Медика.

 

26 Мај 2015

За авторот