Наслов

TEXAPORE - Гарантирана заштита на сите временски услови

Можете да бидете активни на сите временски услови, само доколку вашата облека ви овозможува перфектна заштита. TEXAPORE материјалите од брендот JACK WOLFSKIN ја обезбедуваат потребната заштита, бидејќи тие се апсолутно и перманентно воддотпорни и отпорни на ветер, а во исто време и многу дишливи.

TEXAPORE е заеднички термин за низа од дишливи, водоотпорни материјали, кои во зависност од намената имаат различни карактеристики.

Со цел да ги исполни најразличните потреби на купувачите, тимот на Jack Wolfskin развива материјали со различни особини, наменети за обични прошетки и пешачење, трчање, искачување, па се до најекстремни услови за време на експедиции. 

Тие користат повеќе конструктивни технологии за ТEXAPORE материјалите, кои подразбираат комбинација на различни основни материјали, мембрани и постави, со што се постигнуваат специфични нивоа на водоотпорност и дишливост.

Во основа, TEXAPORE материјалот е конструиран од основна ткаенина (лице) и водоотпорна и дишлива мембрана (опачина). Основната ткаенина го дава изгледот, текстурата, издржливоста, димензионата стабилност и отпорноста на абразија. Мембраната пак, е микропорозен внатрешен слој кој е цврсто врзан за основната ткаенина. Микропорите на мембраната имаат специфична димензија, која е доволно мала за да не ги пропушта молекулите на водата од надворешноста да пенетрираат кон внатре, а доволно голема за да овозможи молекулите на влагата да излегуваат кон надвор. На тој начин се постигнува водоотпоност и дишливост во исто време.

TEXAPORE – Сета заштита што ви е потребна. ГАРАНТИРАНО од JACK WOLFSKIN!

09 Октомври 2014

За авторот