Наслов

Се одржа Сениорското изборно државно првенство во Кик Бокс

Во саботата (30.08.2014г.) во спортската сала ,,Гемиџии " во Велес се оддржа сениорско државно изборно првенство за дополнување на кандидати на членови на Македонската репрезентација во кик бокс.

Сениорите се натпреваруваа за место во репрезентацијата на Македонија која ќе земе учество на Европските првенства во октомври во Шпанија и ноември во Словенија.

Техничката организација беше на клубот ,,Будо " од Велес , а од комесарот на натпреварувачката комисија Арбен Јонузи доби високи оценки за покажаната организација. Учество земаа 40 спортист од 16 клуба,кои се натпреваруваа во дисциплините и тежинските категории од кик бокс спортот.

Првенството за отворено го прогласи директорот на спортската сала ,,Гемиџии " Г-дин Александар Табаков , а присутната публика во салата имаше задоволство да ужива во квалитетните борби кои беа одлик на целото првенство.

ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ И ДИСЦИПЛИНИ

Дисциплина ЛОУ КИК

  • 1 место-60кг Денис Муаремовски Зан Шин –Битола
  • 1 место -67кг Ненад Манојловски Шампион -Скопје
  • 1 место -71кг Бојан Крстевски Самурај -Битола
  • 1 место -75кг Дејан Ристески Самурај -Битола
  • 1 место -81кг Димитар Ѓорѓиев Гладијатор -Неготино
  • 1 место -86кг Александар Најдовски Самурај-Битола
  • 1 место +91кг Александар Димовски Самурај-Битола
  • 1 место +70кг Моника Иванова Тим Зоран-Струмица

Дисциплина К1

  • 1 место -75кг Далибор Огнанов Водно кик -Скопје
  • 1 место -81кг Мики Ивановски Сан Лион –Делчево
  • 1место +91кг Никола Бакалов Зан Шин –Битола

Дисциплина ФУЛ КОНТАКТ

  • 1 место +91кг Јане Коцевски Будо-Велес

Дисциплина ЛАЈТ КОНТАКТ

  • 1 место -74кг Благојче Петрушевски Гладијатор –Скопје
  • 1 место -79кг Бобан Несторовски Гладијатор –Скопје

Дисциплина ПОИНТ ФАЈТ

  • 1 место -64 кг Дарко Рунчев Гладијатор Штип

Дисциплина КИК ЛАЈТ

  • 1 место -55 кг Ивана Бакева Будо- Кавадарци
  • 1 место - 65 кг Стефанија Тодорова Фајт тим –Скопје
  • 1 место -53кгСтефан Бошков Будо-Кавадарци
  • 1место -63кг Виктор Дуковски Фајт тим Скопје
  • 1место -69кг Ненад Манојловски Шампион- Скопје
  • 1место -74кг Благојче петрушевски Гладијатор -Скопје
  • 1место -79кг Ѓорѓи Вчков Гладијатор -Неготино
  • 1 место -85кгМилан Кубин Водно кик-Скопје

Селекторот Дејан Митровски Урко во деновите што следат ќе ги повика кандидатите за доплнување на членови на репрезентација кои ќе се подготвуваат за европските првенства .

 

01 Септември 2014

За авторот