Наслов

Рехабилитација кај хистерична невроза (хистерија) дипл. физ. Sci Денис Арсовски

Ова заболување е ретка психодинамска појава која се состои од физички израз на свесен конфликт или стрес во животот на една личност. Овој физички израз се карактеризира со психолошки стрес кој истиот се претвора во физички знаци и симптоми кои не се во согласност или неможе да се објасни анатомијата или физиологијата на ова заболување. Оваа група на пациенти ненамерно стимулираат симптоми, но намерно ги доживува истите.

Ова заболување се нарекува и функционално невролошки симптоми на растројство, тип на конверзија, а припаѓа на групата соматски системски растројства. Во почетокот симптомите кај ова заболување обично се јавуваат нагло во текот на адолесценцијата или во раните зрели години, многу често по стресен настан во животот. Симптомите често се од невролошки карактер, со сензорни или моторни презентации.

Најчести симптоми се:
• Општи:
- Ненадеен, акутен почеток;
- Недостаток на загриженост во врска со симптомите што постојат;
- Необјасниво оштетување на моторната или сензорната функција.
• Моторни:
- Нарушена координација или рамнотежа, бизарно одење;
- Парализа или локална слабост;
- Губење на глас, тешкотии при голтање, чувство на грутка во грлото;
- Уринарна инконтиненција.
• Сензорни:
- Променето чувство за допир и болка;
- Визуелни промени (диплопии, слепило, црни дамки во видното поле);
- Халуцинации;
- Напади или конвулзии;

Освен ова, оваа болест се карактеризира со отсутство на значајни лабораториски наоди, електродијагностичкото тестирање е во нормални граници, како и длабоките тетивни рефлекси кои се во нормални граници.

Скрининг прашања:

1. Дали имате проблеми со спиењето во текот на ноќта?
2. Дали имате проблеми со фокусирањето во текот на денот?
3. Дали се грижите за финансиите, работата или животот воопшто?
4. Дали имате чувство на страв или претерана грижа за ништо?
5. Дали некогаш сте се чувствувале среќни?
6. Дали имате страв дека ќе бидете во група на луѓе? Страв од летање? Јавно говорење?
7. Дали срцето брзо ви чука, необјаснива вртоглавица, неочекувано пецкање по лицето или прстите?
8. Дали утрината се будите со стегната вилица или чувство на болка во мускулите и зглобовите?
9. Дали сте раздразливи и нервозни во поголемиот дел од денот?
Доколку пациентот позитивно одговори на овие прашања, тие не се свесни дека депресијата, анксиозноста или паничното растројство може во голема мера да придонесе за нивните физички симптоми.

Физикална терапија
Ова заболување може да се манифестира на многу начини, но најчесто имитира невролошко нарушување со парестезија и анестезија. Симптомите на хистеричната невроза може да се појават веднаш по стресен настан или траума, без разлика дали психички или физички. Знаците и симптомите кои влијаат на функцијата на движењето вклучуваат:
- Слабост или парализа;
- Абнормални движења, како што се тремор или потешкотии при одење;
- Отежнато голтање или грутка во грлото;
- Напади или конвулзии;
- Епизоди кадешто пациентот не реагира воопшто.

Истражувањата покажале дека физикалната терапија може да биде ефикасен метод на третман за пациенти со хистерична невроза. За време на првичната проценка на пациентот, треба да се земе темелна историја за да се исклучи било какви органски, невролошки, ортопедски или кардиоваскуларни состојби. Секој нов стрес во животот треба да се забележи, заедно со психолошкото пореметување, како и историја на злоупотреба, доколку ја имало. Сепак, по целосната евалуација и со позитивните симптоми на хистерична невроза треба да се игнорираат, односно да не се потврдуваат на пациентот се со цел да не се зајакни нивното однесување. Мускулно мануелниот тест не е доволен за да ја одреди функцијата на мускулите, кои кај ова заболување имаат доста грчеви.

Откако ова заболување е потврдено, физиотерапевтот потребно е да развие добри односи со тој пациент, знаејќи дека истиот се соочува со голем психолошки стрес. Физиотерапевтот ги третира пречките исто како доколку пациентот имал невролошка состојба со органска причина (пример, апоплексија). Многу истражувања покажале дека овие вежби се многу ефективни како за оние од органска природа, така и за оваа болест, а ефектот е ист. Аеробните вежби и вежбите за моторна сила добро се покажале како ефективни во моделирањето на психогените симптоми.

Поради психолошката компонента на ова заболување, потребно е да се модифицира и однесувањето. Пациентот многу често ја превзема улогата во болен. Кога му се признае на пациентот дека има болест, тие уште толку ја зајакнуваат оваа улога. За време на терапијата овие пациенти може да имаат несакани однесувања (губење на рамнотежа, парализа, атаксија) и физиотерапевтот не треба да ги критикува за тоа туку потребно е да даде позитивни коментари секогаш кога пациентот ќе ја изведе вежбата добро (нормално движење, сила, одење).

Пример за третман:
Доколку пациентот има презентација на слабост или парализа, се смета дека загревањето на мускулите има голем ефект (активности како клекни-стани, мини клекнувања и сл.), потоа потребно е да се превземат мерки за балансот, одење по скали и др. На крај, потребно е на пациентот да му помогнеме во извршувањето на секојдневните активности, кои за време на третманот пациентите секако ќе бидат изложени на стресни ситуации а физиотерапевтот потребно е да најде начин пациентот истите да ги управува или да исчезнат. Со ова физиотерапевтот ќе помогне да се намали веројатноста за појава на релапси во иднина.

24 Ноември 2017

За авторот