Прва ски-виолина во Сочи 2014

Виолинистката Ванеса Мае ја стави нејзината музичка кариера на стоп бидејќи сака да се обиде во малку поинаков домен, скијање.

Мае, која има 34 години ќе се обиде да добие влез за настап во скијачка конкуренција за Тајланд на следните ЗОИ во Сочи 2014. Таа има за цел оваа година да ја исполни минималната квота од пет интернационално признати скијачки настапи за да се квалификува на Игрите.

Ванеса има одлична музичка кариера во која има продадено неколку милиони копии од нејзините албуми, а исто така се појави на бројни телевизиски програми за во 2006 година да биде рангирана како најбогатиот млад забавувач под 30 години во Велика Британија.

Таа започнала да скија од нејзината четврта година уште пред да се запознае со виолината. Подоцна целосно се насочила кон музиката, а оваа година таа сака да направи мала промена и да си ја проба среќата во нејзиниот омилен спорт, и тоа на Олимпијада.

Мае има Британско државјанство, но и Тајландски пасош и изјави дека доколку се квалификува сака да се натпреварува за Тајланд. Доколку успее да се квалификува таа ќе биде единствената тајландска скијачка виолина, а воедно и втората талјанка која ќе се настапува во скијачка конкуренција.