Наслов

Oблека за велосипед со врвни перформанси, наменета за Тебе!

Во соработка со професионалниот велосипедист Oscar Pereiro (шампион на Tour De France), Dare 2b ја создава AEP линијата за велосипедизам. Овие вешто дизајнирани парчиња облека, совршено прилегат на телото и овозможуват максимален комфор и изведба.

Кога одиш до својата крајна граница, многу е важно твојата облека да не придонесува на напорот. AEP линијата е дизајнирана така што прилега совршено на телото и обезбедува максимален комфор и изведба. Таа е дизајнирана од тимот на Dare 2b, во соработка со шампионот на Tour De France Oscar Pereiro, а е наменета за Тебе!

Ви презентираме дел  од AEP линијата:

AEP CIRCUIT JERSEYМаица со кратки ракави, изработена од стреч материјал кој се растегнува во сие 4 правци и има одлична дишливост. Патентот со 7/8 должина и мрежастите зони овозможуваат добра вентилација и брзо испарување на потта, со што го разладуваат телото. Во долниот дел на грбот е позициониран џеб за складирање на вода и ужинка, а рефлектирачките детали доприносуваат за вашата безбедност.

AEP PULL THROUGH 3/4 BIBBED SHORT - 3/4 Шорцеви за велосипед наменети за возење во потопли денови. Изработени се од стреч материјал, со мазни рабови за нежен контакт со кожата и мрежести делови за голема дишливост. Анатомски дизајнираното 3D гел перниче, кое има Oxy Flow систем за вентилација и антибактериски третман, обезбедува ултиматен комфор на седиштето и помага да се чувствувате свежо.

AEP FULL TUCK JACKET - Јакна дизајнирана за да ве заштити при возење на влажно време, ергономски изработена од водоотпорен и дишлив ARED 10 000 материјал, со водоотпорен и рефлектирачки патент. Стратешки позиционираните стреч делови дозволуваат максимална слобода при движењето.

26 Август 2014

За авторот