Нуркачки камп во близина на пештерата Врело

Добредојдени се сите што сакаат да го посетат кампот.

Почитувани !

Ве покануваме на камп во базата на СНК ,,Врело” во непосредна близина на комплексот пештери во кањонот на езерото Матка, поточно до влезот во подводната пештера Врело, кој ќе се одржи од 14.08. до 20.08.2015 година.

Планирано е продолжување на истражувањето на подводната пештера во кое се очекува да се откријат нови сознанија за внатрешноста на Врело.
Добредојдени се сите што сакаат да го посетат кампот. Нуркачите што се заинтересирани да влегуваат во пештерата треба благовремено да го најават своето присуство, да ги почитуваат правилата за влегување во подводна пештера и планот и распоредот на влегување на тимовите.

Самоволно настапување надвор од дневниот план нема да биде дозволено.