Наслов

Најдобрите атлетичари на подготовки во Црна Гора

Македонскиот олимписки комитет и Атлетската федерација на Македонија со заеднички сили за нашите најдобри атлетичари, во периодот од 22 Април до 2 мај 2015 година, обезбедија подготовки за што подобар нивен настап на Европските игри Баку 2015.

Подготовките ќе се изведат во заедничка соработка со најдобрите атлетичари од Србија, со крајна цел, подигнување на формата на нашите Олимписки кандидати, но и на другите македонски атлетичари, учесници на ЕИ БАКУ 2015. Во рамките на овие подготовки планирано е и учеството на нашите најдобри атлетичари на атлетскиот митинг во Бар, Црна Гора.

На списокот на селекторот Влатко Димитров се Ристе Пандев, Валбона Селими, Мартина Мироска, Славчо Мирчевски, Јованче Јанковски, Марија Стојановска и Христина Ристеска.

24 Април 2015

За авторот