Ballon d`Or 2012 женска конкуренција

Момите за златната топка 2012

Ок, бидејќи Ballon d’Or во машка конкуренција веќе како по дифолт стана борба меѓу Роналдо, Меси и некој трет играч (моментално Иниеста) ние сакаме да ги претставиме трите фудбалерки кои се номинирани за Златната топка оваа година.

На 29 ноември листата на најдобри фудбалерки за 2012 беше скратена и беа претставени трите најдобри кои ќе бидат во борба за оваа награда.

 

Александра Патриција “Алекс” Морган (САД)
Таа е прв избор за напаѓачката позиција на женската фудбалска селекција на САД. Во последниве години се покажува во одлична форма и одигрува клучни натпревари за нејзината држава. На ЛОИ во Лондон 2012 го освојува златото со нејзината селекција. Моментално настапува за екипата на Seattle Sounders Women.

 

 

Марта (Бра)
Добитник е на пет последователни ФИФА прогласувања за најдобар играч на годината во женска конкуренција како и на две сребрени медали со бразилската селекција на ЛОИ 2004 и 2008. Моментално играч на шведската екипа Тиресо каде направи трансфер на почетокот од оваа година и го лансираше нејзиниот клуб до лигашката титула.

 

 

Аби Вамбах (САД)
Партнерката на Алекс во шпицот на нападот во женската селекција на САД има постигнато сериозна голгетерска статистика. Моментално втората најдобра голгетерка во селекцијата на САД.