'SUP' Stand Up Paddling

Наслов

'Мист'ериозна Матка

Матка каква што досега ја немам видено, како некои интересни сцени од филм долж цело езеро.

Никогаш не престанува да изненадува со својата убавина, раскош и зеленило. Преубававиот Кањон Матка овој пат на есен, сè уште зелен, но со жолти листови по целата површина на езерото, преубава глетка и бранови од магла кој постојано се движат.

Пробувајќи да излезам од она што го има обвиено Скопје отидов на Матка да пробам да најдам почист воздух за малку релаксација после завршување на работната недела, и можеби не искочи како што очекував, но како и секогаш кањонот изненадува и прави нешто магично што те остава со подотворена уста.  

Секогаш полна со луѓе кој прават прошетка до ресторанот за едно кафе или ручек или го посетуваат преубавиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“, шетаат по пешачката патека или полно со кајчиња кој возат по езерото до пештерата Врело, но овој пат празна како никогаш до сега. Ниту еден човек неможев да видам, ништо освен звуци од птици жаби и штурци што го направи ова искуство посебно и мислам неповторувачно. Одлична релаксација за умот и телото. 

Дадете и шанса на убавата Матка дури и кога времето не е убаво, ќе ве изненади со својот шарм и убавина. 

18 Октомври 2014

За авторот