Hellenic Cup 2016

Наслов

Македонија на SUP натпревар

Hellenic SUP Cup 2016 претставува долгогодишен куп составен од повеќе трки во Грција. Оваа година се предвидени пет трки, започнувајќи од 16ти април со натпревар во затворено, а финалниот натпревар е на каналот Коринт во месец октомври.

Првата трка се одржа на 16ти април, на Олимпискиот базен во Атина. Оваа трка има интересен карактер бидејќи се одвива во затворено, а должината на патеката e 100 метри спринт со едно вртење. Системот беше по пат на елиминации каде натпреварувачите од секоја категорија се поделени во повеќе групи (4-5 натпреварувачи во група), од кои само првите двајца продолжуваат понатаму, па така кругот се стеснува со цел да се дојде до тројцата финалисти.

За првпат на овој куп, во оваа трка учествуваше и натпреварувач од Македонија, Кристијан Никодиновски од клубот „Аква-Тера". Тој се натпреваруваше во категоријата мажи 14'0'/12"6′. Од вкупно 41 натпреварувач, на крајната листа ја зазема солидната 10тата позиција. Ова е накратко како се одвиваше натпреварот.

Од 16.00 – 17.00 ч. се одвиваше Регистрација на натпреварувачите, околу 17.00 ч. беше отварање на настанот со собир на учесниците и објаснување на правилата. Во 17.30 ч. започна со детските категории, каде имаше одлучни натпреварувачи и покрај нивната возраст. Некаде околу 18.00 Започна натпреварите каде нашиот натпреварувач Кристијан неочекувано лесно успеа да помине во следниот круг, каде противниците беа доста спремни. Бидејќи се работи за многу кратка и брза трка нема простор за грешка. Во следната трка успеа да заврши втор, а со тоа да обезбеди пласман во првите 12 натпреварувачи. Тука, натправарувачите беа поделини во 3 трки со четворица натпреварувачи, првиот од секоја трка влегува во финалето за да се бори за првите три места. Кристијан оваа трка ја започна со послаб старт, но по единственото вртење успеа да заврши како втор и речиси изедначено со минимална предност заедно со уште еден натпреварувач да влезе во целта. После прегледување и распределба на резултатите сепак судиите констатираа дека Кристијан не завршил на второто место туку на третото, со временска разлика од само една стотинка. Крајниот временски резултат се постави на десетата позиција.

Десетото место, во никој случај не е за потценување, со оглед на застапеностана овој спорт кај нас и сигурно ќе претставува мотивација за понапорен тренинг на Кристијан и на тимот на Аква Тера. Ова е сигурен знак дека во Македонија имаме услови и можност за развој на овој спорт за што секако најпотребна е прво желба и мотивација.

Се надеваме дека ќе наидеме на поддршка од институциите, компаниите но и целата јавност за да во наредните натпревари имаме повеќе натпреварувачи а со тоа се разбира и поголеми резултати кои ќе донесат и медали.

25 Април 2016

За авторот