Ситни далги сурферски

Како што тргнале прогнозите, покачувањето на морското ниво поради климатските промени нема да донесе среќни вести за сурферите затоа што брановите многу веројатно дека ќе си отидат на Антартикот.

Иако глобалното затоплување треба да донесе покачување на морското ниво, следат лоши вести за сурферската фела бидејќи токму оваа промена се очекува да ја намали висината на брановите во четвртина од светскиот океан. Помали бранови значат потапа забава.

Според истражувањето, се очекува брановите да се намалат за 10 % во Атлантикот односно во просек за 200 до 400 цм. а за 5 % на Пацификот.

Климатолозите велат дека покрај подигнување на глобалното морско ниво, промени ќе има и во насоката на брановите и струите, со што ќе настанува преместување на прекршувањата и како бонус, еродирање на плажите. 

Има и една можеби добра вест. Моделот за прогнозирање вели дека ќе има покачување на брановите и за 7%, ама на Антартикот.