„Летачки Конзули“ по повод денот на општина Битола

По повод денот на општина Битола, 4-ти ноември, клубот за слободно летање „Летачки Конзули” од Битола, организираше слободен лет со параглајдери од врвот на Баба планина – Пелистер. На настанот учество зедоа 24 параглајдеристи од Македонија. Во тандем леташе и новинарката од Тера телевизија Неда Mаретиќ.