Наслов

Кулоарите под Бакардан 2704 м.н.в.

Веќе далечно чуство, но сепак да споделам, пред три недели се искачивме турно до само 50 метри под овој врв.

Со врвот Бориславец во позадина

Последните метри од врвот ги оставивме да ги завршиме за други времиња заедно со останатите членови на нашата неформална ски/сноуборд/сплитборд група, а и поради тоа што горе беше издуван снег, немаше простор за скијање од самот врв.

Тргнавме околу 10 30 часот од ски лифтот ГЕ, прилично касно за долга тура но со идеја да разгледаме како е теренот таму под врвот, без големи амбиции. Тргнавме по патот познат како Шарски води, или патеката за врвот Титов врв, (не ми текнува дали летната или зимската ја викаат ).

Со кулоарите под Бакардан - безброј можности за скијање..

Тој Шарски води пат го одевме околку еден час, по што почнавме да креваме нагоре според патоказите кон Титов врв, но во нашиот случај кон Бакардан. За разлика од ски центарот Попова Шапка таму беше полно со снег, огромни наноси и белило насекаде. Уште два три часа турно до под самиот врв. Беше прилично лабава тура и не следевме време на движење.


Тргнавме четворица, Методи Чилиманов, Маја Мухич, Елена Диновска и јас. Тој дел го имам видено само во лето, и беше фантастично што се случува во зима и како тоа изгледа, безброј можности за скијање, огромни долги кулоари, под нив други кулоари, и долги траси за скијање.

Панорамски поглед кон сите можности и линии за скијање, Бакардан па кон лево, Карабунар, Син врв, Казаништа..

Повеќе слики од искачувањето/спуштањето можете да видите тука >>>>>

08 Март 2014

За авторот