Екологика

Наслов

Климатски марш на луѓето

Почнувајќи од вчера, во наредните 72 часа светот протестира со единствена порака кон политичарите: „Сакаме акции, не зборови за сопирање на климатските промени.“

Со повеќе од 2800 настани и протести во 166 држави, почнувајќи од денеска па до 23 септември, луѓето низ светот се собираат за да упатат една единствена порака кон политичките лидери - Сакаме акции не зборови - порака која ќе се упати кон учесниците на самитот за климатски промени во Обединетите Нации - Њујорк.

Ова претставува најголемото движење досега за климатските промени, а произлегува од досегашните неуспешни разговори и преговори кои се одвиваат во Обединетите Нации помеѓу политичките лидери низ светот во последните 20тина години.

Можете да го следите глобалниот евент во живо

или кликајте на www.peoplesclimate.org за многу повеќе.

21 Септември 2014

За авторот