ЃУРЃЕВАЦ ОПЕН 2015 ХРВАТСКА

Идризи шампион и во кадетска конкуренција

Во сабота 11.04.2015 во убавиот хрватски град Ѓурѓевац се одржа меѓународниот карате турнир Ѓурѓевац опен 2015 каде што учествуваа повеќе од 616 натпреварувачи од 9 земји

Во сабота 11.04.2015 во убавиот хрватски град Ѓурѓевац се одржа меѓународниот карате турнир Ѓурѓевац опен 2015 каде што учествуваа повеќе од 616 натпреварувачи од 9 земји (Македонија, Хрватска, Словенија, Бих, Турција, Србија, Унгариа, Албанија и Чиле) во двете дисциплини КАТИ и КУМИТЕ,

Абдурахим Идризи учествуваше во кати и во категоријата помлади кадети (12-13 год) и во кадети (14 -15 год) и успеа да се закити со две златни медали. Мора да се напомене дека конкуренцијата беше многу силна и во едната и во другата категорија, каде што мораше да се соочи со противници како што беа Државните прваци на Слованија Браќата Хартл, Државниот првак на Хрватска Кошќевиќ, турскиот бронзен каташ Ерен и други.

Што се однесува до борбите, тука се натпреваруваше во Помлади кадети -41 кг, и во силна конкуренција, мореше да се задоволи со бронза, во вториот меч на загуби на хантеј при нерешен резултат кој потоа преку две репасажни борби мораше да стигне до медал.