Повеќе спорт, помалку компјутери и мобилни телефони..

Наслов

И девојчињата играат фудбал

Со брзиот развој на модерната технологија сè почести се резултатите од нивното лошо влијание кон луѓето a особено кон младите. Недоволната физичка активност на децата доведува до лоши последици, со што се искоренува она што го нарекуваме здрав начин на живеење. 

Со цел да се спречи лошото влијание на компјутерите и мобилните телефони кај децата во Струга е оформена Фудбалска Школа Голасо! По стапките на развиените земји во западна Европа и светот во последниве години и кај нас започна да се докажува дека и девојчињата го можат она што за многу луѓе од нашево поднебје е чудно и несфатливо а тоа е женскиот фудбал.

Со цел промоција на овој спорт во женска конкуренција, а и промоција и активно вклучување на децата во спортот во Струга веќе две години функционира Фудбалската Школа Голасо предводена од Митра Стојаноска дипломиран професор по физичка култура и најдобрата фудбалерка за 2007 година во Македонија.  

Школата пред се има за цел да го зголеми интересот за спортување кај младите и да се спречат лошите влијанија на брзиот развој на современата технологија (компјутери, телефони, телевизија, интернет), потоа и развој на женскиот фудбал и спортска култура на младите.

Оваа фудбалска школа е реализатор на два турнири во мал фудбал во Струга, за деца на возраст до 14 год (машки и девојчиња) како дел од сопствениот проект помогнат од Кралството Кинг Густав V од Шведска, под наслов „Развој на малди фудбалски таленти и зголемување на интересот на децата во спортот“ 

   

На двата турнири учество зедоа повеќе од 200 дечиња меѓу кои повеќе од половина никогаш не се бавеле со спорт, што беше многу важно и имаа прилика да уживаат и да се докажуваат во играта.  Пред се беше интересно што учество зедоа и 5 женски екипи кои ја зголемија љубопитноста и интересот на публиката. 

Околу дејноста женски фудбал од Голасо сметаме дека со програма за правилни тренинзи и укажување на здрав начин на исхрана ќе се трудиме да докажеме дека девојчината можат да играат фудбал но сепак да останат девојчиња со правилна градба и структура на телото. Досега од школата е излезена и една репрезентативка на Македонија која се одлучи активно да продолжи да се бави со овој спорт во еден од нашите клубови.

Фудбалската школа и понатаму ќе продолжи да вложува во активно вклучување на младите во спортот, преку организација и на други спортски манифестации и спортски натпревари.

03 Декември 2013

За авторот