ГУЖВИ И НЕРВОЗИ

Грешка, но не моја

Сите брзаме, сите имаме каде да брзаме и сите си гледаме за себе. Но можеби видеово ќе ви го смени мислењето…

Без разлика на тоа какво е вашето мислење за вакви луѓе кои што не го почитуваат законот за возење во сообраќајот, НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ ДЕКА ТИЕ ПОСТОЈАТ. Не секогаш ќе биде ваша грешка, може и да си седите на семафор, на паркинг или на излегување од возило пак вие да завршите како учесник, па и да го загубите животот.

Не секогаш е важно каков шофер си, секогаш има некој подобар и полуд од тебе. Секое излегување со кола или мотор на улица треба да се земе како приказна за себе. Секое возење е поразлично од предходното и од следното. Отворете 4 очи и не се опуштајте зад воланот. Сообраќајот е хаос, без жмигавци, без светла уклучени, без сигнализација луѓето менуваат лента, поминуваат на доцно жолто, понекогаш и на црвено светло на семафор, не почитуваат предност, се зборува на телефон и во голем број од незгодите причинител е зголемената брзина на движење на возилата.

Видеово е направено во еден обичен вторнички ден во 15:00 часот после работа, помеѓу двете најголеми гужви низ градот. Осум километри возење за помалку од 7 минути што во принцип треба да трае од 15 до 20 минути возење со автомобил. Ова е едно нормално возење за повеќето моторџии, што од друга страна многу луѓе не го знаат и не го разбираат. Брзинските мотори, како што може да се види и на ова видео, во прва брзина идат и над 100км на час, а каде се тука другите 5 брзини.

За жал ова е секојдневие за многу моторџии, и не може да го избегнеме тоа. Може само да превземеме нешто.

Затоа, секој нареден пат кога ќе излезете со вашето возило, нека ви текне на ова. Пробајте да ја прилагодите брзината на движење и да ги почитувате знаците за сигнализација на патот. Ова ќе ви помогне да станете подобар и посовесен шофер во сообраќајот.