Полуфинале на Шангај Ролекс Мастерс 2012

Наслов

Федерер против Мареј

Светскиот тениски рекет број еден Роже Федерер, ќе игра против Енди Мареј во полуфиналето на Мастерс 1000, турнирот во Шангај.

Федерер и Мареј досега имаат одиграно 17 дуели и Британецот Мареј води со 9-8 во победи. Летото се сретнаа во финалето на Вимблдон каде трофејот го освои Федерер, а играа и на Олимпискиот турнир во тенис каде победник излезе Мареј.

Британскиот тенисер Енди Мареј важи за светски рекет број три и двократен победник на Мастерс турнирот во Шангај.

Швајцарскиот тенисер Федерер до сега шест пати има учествувано на овој турнир, а при неговото последно учество, во финалето беше поразен токму од Мареј.

„Се радувам на натпреварот. Секогаш е добро да се игра со најдобрите играчи. Ќе биде тежок натпревар, но се уште немам одлучено каква игра ќе презентирам ", изјави Федерер.

 

12 Октомври 2012

За авторот