Наслов

Еден чифт фенси ракавици

Прво беше вака: Фил, прави трампа со еден Индијанец кога бил на кајакарење во Канада, швајцарско армиско ноже за пар рачно изработени индијански ракавици. Тој ги подарува ракавиците на Бред кој 15 години ги користи ракавиците без буквално ништо да не им се случи. Еден ден ракавиците ги јаде кучето на неговата сестра. Така се раѓа Astis Mittens.

Покрај тоа што се со фенси изглед, ракавиците со само еден слободен прст се неверојатно издржливи и удобни. Направени се од природни материјали, а изработката оди рачно. Во внатрешноста, обложени се со Polartec® Thermal Pro® High Loft кој им дава соодветно презервирање на топлина и breathability.

 

 

24 Февруари 2013

За авторот