Во Струга се едри...

Наслов

Државно првенство во едрење во Струга

Според годишниот регатен календар во организација на Едриличарската федерација на Македонија и ЕК Снегар - Струга се одржа критериумско државно младинско едриличарско првенство во класите Оптимист, Ласер 4.7 и ревијално учество во кадет 470ка.

Своите едриличарски способности, едриличарите од струшките и охридските клубови ги покажаа на регатното поле пред Градска Плажа во Струга. Поволниот ветер од просечно 7 чвора овозможи да се заокружи бодовниот циклус за рангирање, при што со најдобар пласман последователно завршија следниве едриличари:

Ласер 4.7
1во место Илија Јовчески
2ро место Дамјан Поп Стефанија
3то место Кристијан Дуноски

Оптимист

Стефан Негриески
Мерт Лушо
Софија Ставрева

Ревијално учество во атрактивната класа 470ка забележија Иво Илинчев, Илче Грунче, Јана Гаџоска и Јана Наумоска.

Високото ниво на организација на стручниот професионален тим на ЕК Снегар - Струга и ЕФМ за ваков тип на регатни настани уште еднаш потврди за капацитетите кои Македонија ги има за остварување континуитет во спортското едрење, и претставува дополнителен мотив за вложување во овој спорт. Голема благодарност до сите спонзори и помагатели кои овозможија остварување на овој настан.

20 Јуни 2017

За авторот