Детето што искина на баскет

Џек Тејлор од колеџот Гринел буквално распали на паркетот постигнувајќи рекордни 138 поени во еден кошаркарски колеџ натпревар. Верувајте не би сакале да играте баскет со Џек, има сериозно добар шут.

Натпреварот беше одигран во третата дивизија од Националната колеџ лига, а несреќните противници на Џек беа играчите на колеџот Faith Baptist Bible. Тејлор буквално самостојно ја потопи противничката екипа постигнувајќи 27 тројки, 52 поени за два и 7 слободни удари со што го постави новиот рекорден број на поени во еден натпревар од американската кошаркарска колеџ лига.

Шутерските способности на детево не се за потценување, но целата стратегија за ваквата игра била добро осмислена од неговиот тренер. Нивниот тренер отишол до таа граница што направил математичка формула за шутерски настроениот напад која доколку неговите играчи успеат да ја изведат имаат 95% шанси за победа на натпреварот.

Ева ја формулата:

Доколку играчите шутнат 94 пати од кои 47 шутеви да се за три поени, притоа 33% од шутевите да се спасени со офанзивни скокови + да се шутнат додатни 25 пати (од било која позиција) и притоа да ги натераат противниците да згрешат во 32 нивни напади, екипата ќе победи!