Нова насока во Кандерштег

Наслов

„Црната Смрт“ за Роберт Јаспер и Волфрам Либих

Во Кандерштег, Швајцарија, Роберт Јаспер и Волфрам Либих го направија првото искачување на „Црната Смрт" („The Black Death"), нова насока во мраз и микс и ја оценија со WI7/М8, Е5, 250 m.

На 11 декември германскиот алпинист Роберт Јаспер (Robert Jasper) и Волфрам Либих (Wolfram Liebich) ја искачија „Црната Смрт", сложена и опасна комбинирана насока над Кандерштег во Швајцарија. Линијата, внимателно набљудувана од страна на Јаспер бројни сезони нанзад и искчаена при неговиот втор обид, се протега 250 m по североисточната стена на Гелихорнс (Gällihorns, 2284m), на влезот на Уешентал (Ueschental) и околу 800 m десно од Валисер Кери (Walliser Cheeri).

Јаспер и Либих првиот обид го направија на 6 декември и со онсајт качување, успеаа да стигнат до 5-тиот цуг, но ги фати мрак па беа принудени да абзелуваат. Пет дена подоцна се вратија во подножјето и овојпат, по 8 часа качување, успеаа да ја завршат целата насока. Јаспер ја даде оцената од WI7/М8, додавајќи ја оцената Е5 (оцена за ризик) за да ја означи опасната природа на ова искчување.

Јаспер вака ја опишува насоката:

  • „Насоката „Црната Смрт" е екстремно сложено качување микс, дури многу екстремно. Се наоѓа на „Црната Стена" која се состои од страшно ронлива карпа. Фантастична ледена линија се протега до долу и прави прекрасна микс линија. Беше доста тешко да се заковаат добри клинови по целата насока поради ронливата карпа, и најтешкото од сè беше да се качува внимателно, со внимание да не се одрони камен и да не се падне на некое лошо осигурување. Дел од клучниот дел го поминав со техничко качување за да заковам клинови и потоа во редпоинт го поминав слободно."

Според описот на Јаспер, ова сигурно не е насока за секого, и Германците веднаш потврдија:

  • „За да ја качиш треба доста искуство за поставуање осигурувања и треба да качуваш со 100% сигурносна граница. А тоа не е лесно на тенок мраз и ронлива карпа. Качувањето на оваа насока, во традиционален стил, без експанзивни клинови, беше одлично алпинистичко доживување. Сето тоа укажува дека „Црната Смрт" е едно од најсериозните качувања во целиот Кандерштег."

„Црната смрт" се спојува со друга насока која Јаспер ја качи во Кандерштег во 2013 година, тоа е „Ritter der Kokosnuß" оценета со M12, WI5. На прашањето како би ги споредил обете насоки Јаспер изјавува:

  • „Споредбата на овие две е скоро невозможна! Обете насоки се опасни ако немаш доволно искуство, да си добар качувач е само една од потребните предиспозиции. „Ritter der Kokosnuß" е околу M12 E4/5 (за да ви доловам, „Латечкиот циркус" (уште една тамошна мајсторија на Јаспер) е околу Е3/4) додека „Црната Смрт" е „само" WI7/M8, нивото на опасност е околу Е5/6. Кога го кажав ова, вкупната тежина е далеку посложена од од она што една бројка би можела да отслика и многу зависи од условите, квантитетот и квалитетот на мразот. Да речеме дека и обете насоки се за многу искусни специјалисти. "

„The Black Death"
Гелихорнс, Кандерштег
Прво искачување: Роберт Јаспер, Волфрам Либих на 11. XII 2013
Оцена: WI7/M8, E5, 250 m
Цуговите: P1: WI3, PL2: WI7/ M7+, P3: M7, P4: WI4/M5 (ронливо, опасни лабави камења), P5: WI7/M8, P6: M6+
Симнување: абзел низ насоката, или, препорачливо,симнување пеш низ Уешенентал.

Фотографи: © Robert Jasper archive

09 Јануари 2014

За авторот