Скејт видео од Македонец кој искина во Хрватска

Бушидо – хрватско-македонска скејтбординг соработка

Минатото лето Илин Колевски ја посети Хрватска со цел да скејта и снима за видеото насловено “Bushido – The Way Of The Samurai” во продукција на хрватската скејт заедница Samuraisk8.

Видеото трае нешто помалку од еден час и е снимено во период од 3 години. Започнува со делот на Илин, а во продолжение следат останатите скејтери од тимот на SamuraiSk8. Продукцијата е на високо ниво и покрај скејтањето ја прикажува и дружбата која произлегува од заедничкиот интерес на љубителите на даската на тркала.

Премиерата на Бушидо симултано беше прикажана во Загреб во ММ центар и во Скопје во клубот Соулматик во петокот на 29.05.2015. После премиерата целиот филм е достапен онлајн и можете да го погледнете овде:

Ова пинерско достигнување за скејтер од Македонија, Илин го постигнал со повеќе годишна подршка од првиот македонски скејт бренд Popcornskateco. и на премиерата најави гостување во емисијата Доупнес на Бла Бла ТВ во која ќе раскаже повеќе за неговата скејтбординг авантура.

Автор

XMKD.com

Скопје

Македонија