Asics со ново поколение

Популарниот спортски бренд Asics ги aпдејтираше неколку пати наградуваните патики  со 19-та верзија по ред. Наменети се за трчање и тоа за професионални спортисти. Се очекува пролетта 2013 година да бидат вистински хит, затоа што ги нудат најдобрите технички достигнувања.

Новата верзија на патиките има две клучни промени, полесни се (машката верзија е полесна за 300 грама, а женската за близу 250 грама), и имаат редизајниран горен дел, кој дава поголема удобност. Предниот дел на патиката е покриен со мрежа која ги обвива двете страни на ногата и дава поголема удобност. Делот кај петата содржи два слоја мемори пена која обезбедува подобра амортизација.

Инаку, Gel Kayano 19 се дизајнирани патики за професионалните тркачи, а ќе бидат достапни за купување во специјализирани продавници од 1 ноември, и на светско ниво дури следната година, по цена од 150 американски долари.