Зимско искачување на Мусала (23-24 февруари)

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

03:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во организација на ПК “Македон”, се организира зимско искачување на врвот Мусала (2.925 мнв). Тој е највисокиот врв на Балканот, се наоѓа на планината Рила, Бугарија.

Датум на реализација: 23-24 февруари 2019 год.
Пријавување: најдоцна до 20-ти (среда) февруари
Сместување: Нов дом Мусала
Цена: 2.900 ден.
Услови на плаќање: задолжителен капар од 1.200 ден. или целиот износ (најдоцна до 20 -ти)
Тежина на искачување: СРЕДНО ТЕШКА
Искуство: Искачувања во зимски услови и користење дерези.

Организатори и водичи: Петар Ивановски (075-322-059) и Дејан Тодевски (078/401-702)

ПРОГРАМА:

23.02 (Сабота)
– Поаѓање: 4:30 ч.
– Место на тргнување: Паркингот кај Поштата на Нова железничка станица Скопје
– Превоз: Комбе; по потреба и коли
– Пристигнување околу 10 ч. во Боровец. Половина час подготовки и се упатуваме кон новиот дом Мусала (2.389 мнв). Пристигнување околу 15-16 ч.
– Домот е затоплен и нуди можности за купување на храна, пијалоци и кафе. Собите се групни, за двокретни соби се доплаќа.

17.02 (Недела)
– Во утринските часови (4:30 – 5:00 ч.) поаѓање кон врвот Мусала.
– Искачување по зимска патека, која води околу езеро и започнува искачување на каменест терен. За околу 2 часа се пристигнува до домот Ледено Езеро и заслонот Еверест (2.709 мнв).
– Кратка пауза пред тргнување за ставање на дерези, ужина, се упатуваме кон последниот дел, кој води преку сајла (зимска патека) каде стигнуваме на врвот.
– Планирано пристигнување на врв 10 – 11 ч.
– Пауза од 1 – 1.30 ч.
– Враќање по иста патека.
– Одмор 30 – 45 мин. во новиот дом Мусала.
– Планирано пристигнување до местото предвидено каде ќе чека комбето е околу 15 ч.

ОБЛЕКА:

– Топла зимска облека
– прв слој
– полар
– зимска јакна
– зимски панталони
– термо чорапи

ОБУВКИ:
– разгазени зимски чизми

ОПРЕМА:
Секој учесник на акцијата е должен да носи целосна зимска опрема за зимски искачувања.
– задолжителни ДЕРЕЗИ (10 – 12 боцки) и стапчиња – штеки.
– гамашни
– 2 пара ракавици (прв слој и заштитни против ветер и студ)
– капа
– маска
– наочари за сонце
– крем за сонце
– термос за чај или вода

ХРАНА:
Секој учесник си носи храна и пијалоци за себЌе.
– сендвичи, енерџи-барови, суво овошје, вода, чај…

НАПОМЕНА: Секој учесник учествува на сопствена одговорност. Сите учесници се должни да ги почитуваат наредбите и советите на водачите. Водачот може да ја прекине акцијата доколку оцени дека временските неприлики може да се одразат на безбедноста на учесниците.
Доколку временските прилики не се поволни, се одложува акцијата, и се остварува за некој нареден поволен викенд.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија