Наслов

When in Krusevo - Run in Krusevo
Локација: 
Крушевско Езеро, Крушево
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 1 Јули, 2018 - 09:00

Контакт

Име и презиме: 
TREX

ТРЧАЈ ВО КРУШЕВО - 01.07.2018 - *en bellow

веб - https://goo.gl/wyStn8

ШТО?

„Трчај во Крушево" претставува еднодневен настан (трка) во планинско трчање која ќе се одвива во рамките на фестивалот When in Krusevo. Се работи за трка со должина од 24 километри и висинска разлика (качување и спуштање) од 1000 метри што значи дека трката спаѓа во некоја средно-тешка категорија. За подобро ориентирање - најбрзиот финишер го очекуваме за нешто ситно над 2 часа, а просекот ќе финишираат за 3-4,5 часа движење низ живописниот предел на планината Бушева.

Мапа - https://tracedetrail.com/en/trace/trace/61090

Трката има за цел да ве однесе низ едни од најинтересните и живописни локации во околината на Крушево - споменикот Илинден - Македониум, Крушевското Езеро, битката кај Слива, месноста Вршник, највисокиот врв на планината Бушева - Мусица 1788 м.н.в, Станич и ќе финишира низ крушевските сокаци во самата чаршија.

Правила и прописи на трката и повеќе детали - линк наскоро

Трката е отворена за сите полнолетни лица. Они од 16 до 18 години може да учествуваат единствено со потврда од родител/старател на лице место пред трката.

Временски лимит - 5 часа

КОГА?

Фестивалот When in Krusevo ќе се одвива викендот од 29.06 до 01.07.2018 (петок до недела).

Трката ќе биде во недела 01.07.2018 со старт во 09 часот наутро.

КАДЕ?

Стартните броеви ќе се делат викендот во сабота и недела наутро пред трката на дополнително одредено место во Крушево - ќе бидете известени.

Стартот на трката е закажан за месноста Гумење пред спомен куќата на Тоше Проески - ГПС - 41.374876, 21.246813

Финишот ќе биде во чаршијата.

Во текот на фестивалскиот викенд ќе биде отворен камп за сместување на Крушевско Езеро - во близина на стартот, а учесниците ќе имаат можност за фантастичен викенд со повеќе спортско-рекреативни и културно-уметнички содржини.

КАКО?

Трката е вклучена во стартниот пакет (по цена од 400 денари) на фестивалот When in Krusevo 2018 кој ќе се одвива викендот на 29.06 до 01.07.2018 низ целиот град Крушево. http://wheninkrusevo.mk/

Пријавувањето за фестивалот (и воедно за трката со штиклирање во формуларот) се одвива на следниот линк - https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSevVmLqn55bnInX0R0DgC8621eYKXnU...

Плаќањето на котизација во износ од 400 денари се врши Онлајн преку сервисот на When in X - https://www.wheninx.com/service/outdoor-festival-when-in-krusevo-2018

Или на лице место при подигнување на пакетите за фестивалот - Напомена! Потребно е да сте регистрирани за учество во формуларот!
Стартниот пакет на фестивалот содржи: - повеќе инфо тука - http://wheninkrusevo.mk/

право на учество во планинарските и велосипедски тури - сабота 30ти Јуни
заедничи ручек после турите,
маичка, подароци од спонзорите
влезници за три музеи во Крушево
Концерти на отворено
Право на учество на трка во планинско трчање, недела 1 јули (ваучер)
повластени цени за тандем параглајдинг, недела 1 јули
повластени цени за кајак и SUP boards
подароци од спонзорите
Стартниот пакет на трката содржи:

Стартен број и можност за учество
Храна и пијалоци во текот на трката
Електронско мерење на времето
Финишерски медал
Онлајн финишерска диплома (која се добива по настанот)
Подароци од партнерите на трката

Пријавувањето за трката ќе трае до самиот ден на трката 01.07.2018 - на лице место на настанот - со прикажување на ваучерот што следува во фестивалскиот стартен пакет.
Максимален број на учесници на трката

200 луѓе - до исполнување на квота

------------

EN/ RUN IN KRUSHEVO - 01.07.2018

web - https://goo.gl/oiYnYV

WHAT?

Run in Krushevo is a one-day trail running event that will take place within the festival's When in Krusevo. It is a 24km race with height difference (climbing and descending) of 1000 meters meaning that the race belongs to some medium-weight category. For better orientation - we are expecting the fastest finisher slightly above 2 hours, and the average will finish in 3-4,5 hours of running through the picturesque landscape of the mountain Busheva.

Map - https://tracedetrail.com/en/trace/trace/61090

The race aims to take you through one of the most interesting and picturesque locations in the area of Krushevo - the monument Ilinden - Makedonium, the Krushevo Lake, the Battle of Sliva, Vrsnik, the highest peak of the mountain Busheva - Musica 1788 m.v., ski center Stanich and will finish through the Krusevo streets in the old bazaar.

Rules and regulations of the race and more details - will be available soon

The race is open to all adults.
Time limit - 5 hours

WHEN?

The festival When in Krusevo will take place the weekend from 29.06 to 01.07.2018 (Friday till Sunday).

The race will be on Sunday 01.07.2018 starting at 9 am.

WHERE?

The starting numbers will be distributed the weekend on Saturday and Sunday morning before the race at an additional designated place in Krusevo - you will be notified.

The start of the race is scheduled on the location Gumenje in front of the memorial house of Tose Proeski - GPS - 41.374876, 21.246813

Finish will be in the old bazaar.

During the festival weekend, a camp for accommodation on the Krusevo Lake will be available near the start, and the participants will have the opportunity for a fantastic weekend with more sports and recreational and cultural content.

HOW?

The race is included in the starting package (at the price of 400 denars - 6.5 euro) of the festival When in Krusevo 2018, which will take place on the week of June 29 to July 1, 2018 throughout the city of Krushevo. http://wheninkrusevo.mk/

Registration for the festival (and at the same time for the race - see checkbox) takes place on the following link - https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSevVmLqn55bnInX0R0DgC8621eYKXnU...

The payment for the fee is made online through the service of When in X - https://www.wheninx.com/service/outdoor-festival-when-in-krusevo-2018

Or on the spot when picking up packages for the festival - Note! You need to be registered to participate in the form!

The starting package of the festival contains: - more info here - http://wheninkrusevo.mk/

the opportunity to participate in mountaineering and cycling tours - Saturday June 30th
lunch after the tours,
T-shirt, gifts from sponsors
tickets for three museums in Krushevo
Open air concerts
Starting package for the trail running race, Sunday, July 1 (voucher)
Lowered prices for tandem paragliding, Sunday 1 July
Lowered prices for kayak and SUP boards
gifts from sponsors

The starting package for the race contains:

BIB number
Food and drinks during the race
Electronic time measurement
Finisher medal
Online Finisher Degree (obtained after the event)
Gifts from the partners of the race

The registration for the race will last until the very day of the race on 01.07.2018 - on the spot of the event - by displaying the voucher that follows in the festival launch package.

Maximum number of participants in the race

200 people

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
 
 
8
 
9
 
10
 
 
 
 
 
15
 
16
 
17
 
 
 
 
 
22
 
23
 
24
 
25
 
 
 
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 
 

На Facebook