Наслов

Врв Плат-Шар Планина 14 октомври 2018
Локација: 
Шар Планина
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 14 Октомври, 2018 - 06:15

Контакт

Име и презиме: 
ПСД Макпетрол - Скопје

Опис на акцијата: Попова Шапка – Плат (2398мнв) – Попова Шапка

Должина на патеката: 16 km. во двете насоки

Висинска разлика: 620m.

Стартна точка на акцијата: Планинарски дом СМРЕКА 1780 мнв.

Опис на патеката: Поаѓаме од пред Планинарски дом Смрека, патеката води кон репетиторите од каде групата ќе се приклучи на широкиот макадамски пат кој води кон Долна Лешница, по патот се оди 4.5 км. се до бачилото од каде патеката се одвојува во лево и по мало искачување се стигнува на сртот по кој по изохипса од 3 км се движи кон седлото на Плат, од седлото до самиот врв има уште 0.5 км по малку пострмен терен.

Во зависност од временските услови веднаш под врвот на платото може да се направи подолга пауза и враќањето ќе се одвива по истата патека.

Напор: Патеката е лесна, со брзина прилагодена на способноста на учесниците.

Времетраење на акцијата (вкупно): 5-7 часа

Опрема (задолжителна / препорачана):

Ранец
Планинарски разгазени чевли
Кабаница
Облека соодветна на времето, капа, ракавици, облека за преслекување, очила за сонце
Храна: Од ранец.

Вода: 1.5 л. (на патеката нема вода)

Превоз: Со сопствени возила. Тргнување во 06:15 часот од Бензинска пумпа МАКПЕТРОЛ – Ѓорче Петров на излез на Скопје

Акцијата започнува во: 07:30 од пред Планинарски дом Смрека.

Планинарски водичи: Христифор Саракинов, Петар Герасимов, ЕленаПетковска

Пријавување: најдоцна до (13.10.2018 до 12 часот – Сабота)

Лица за контакт: Христифор Саракинов 071 333 263

Напомени:

Во случај на неповолни временски услови акцијата на време ќе биде откажана

Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите.
Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
 
 
8
 
9
 
10
 
 
 
 
 
15
 
16
 
17
 
 
 
 
 
22
 
23
 
24
 
25
 
 
 
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 
 

На Facebook