Врв 9/12: Бачилски Камен на Кораб (1928 мнв)

Датум на почеток:

06.10.2018

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

За деветиот предвиден врв одиме на езерска тура во недопрените величествени гори, шилести врвови, бујни водотеци и ишарани падини со тукушто расцутени цвеќиња и снежни јазици на планината Кораб во крајниот западен дел на Македонија.

Го искачуваме врвот Бачилски Камен (1928 мнв) и ќе ги посетиме истоименото (Бачилско) и неколкуте (Средно и уште 2) бистри природни леднички езера под самиот тој врв во јужниот дел на планинскиот венец на Кораб.

Патека: с.ТАНУШЕ – БАЧИЛСКИ КАМЕН (кружна тура)

Патеката започнува од селото Тануше , движејќи се кон западна насока навлегува во бујните ливади и го прегазува Бабин Поток, кој поради зголемениот водостој и бујните брзаци и немањето мост ќе мора да се прегази со боси нозе (и чевлите во рака). Оттаму се навлегува по поширок пат низ многу густа букова шума со дебели сенки крај десниот брег на Изворскиот Поток (горно течение и изворишно подрачје на Рибничка Река) каде изобилува со неколку водопади во тесен карпест кањон. Помеѓу пределите Осој и Маѓутезе, патеката го напушта шумскиот појас и кај Имерова Чешма излегува на голото планинско било, од каде се нуди првата глетка на величествените шилести врвови на главниот срт на протегање на планината Кораб. Во југозападен правец крај четирите природни леднички Корапски Езера патеката се искачува на седло по кое се доаѓа до („шпицот”) самиот врв Бачилски Камен висок 1928 м.н.в. од каде има извонредна глетка на блиските високи врвови Шупла Стена, Црн Камен и Дерза (опасни за искачување без соодветна опрема и во поголема група!!!) , како и соседниот врв Бабин Камен и врвот Плоча во далечината на југ. Се враќаме по истата патека до селото Тануше.

Должина: 12 km
Висинска разлика од почетна точка до врв: 693 метри
Тежина на патеката: средна (се минува преку снежни јазици, се прегазува бујна вода, голема влага на тревата и растителноста во утринските часови)
Вода има на почетокот во селото Тануше и на неколку места по патот.

Патеката е снимена и достапна во GPX фајл.

Поаѓање од Скопје: 05:30 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Цена: 700 денари
Местата се ограничени поради капацитетот на превозот во однос на лошиот пат и тешката пристапност на теренот.
Поради одењето на кружна тура со иста почетна и завршна точка, можно е доаѓање со сопствен превоз, но со подобри (теренски) возила со високо подвозје. Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови”, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до сабота 09.06.2018 во 17 часот, на Марио Шаревски – 071 216 066 и Верица Тодоровска – 070 342 787 и Лимонка Тасева – 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови” задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

– Тежината на патеката е средна и не е препорачлива за почетници (се минува преку снежни јазици – каде има опасност од лизгање, се прегазува бујна вода, голема влага на тревата и растителноста во утринските часови).
– Временските услови од 03.06. (недела) до 06.06. (среда) се најавуваат за постабилно сончево време со умерен облачност и температури до 22 степени (https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Grekaj/long.html) но е препорачливо носење на кабаница/ветровка јакна со долги ракави, резервна маица, капа, очила за сонце и крема за сончање (во случај на крајно неповолни услови, организаторот го задржува правото за откажување и одложување на турата за друг датум).
– Задолжително носење на планинарски стапчиња (за стрмни и каменести делови)
– Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)
– Храна од ранец

Повелете да уживаме во Македонија
#12Врвови #УживајВоМАКЕДОНИЈА

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија