Наслов

Врв 12/12: Трпезница на Шар Планина (2590 мнв)
Локација: 
Шар Планина
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 2 Септември, 2018 - 06:00

Контакт

Почетокот на септември е време предвидено за завршната тура за искачување на последниот дванаесети предвиден врв Трпезница, висок 2590 метри во височините на Шар Планина.

Трапезица — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.599 метри. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина и претставува точката во која се поврзуваат главниот шарпланински срт и разгранувањето на кое се наоѓаат највисоките шарски врвови Титов (Шар), Мал Турчин, Бакардан и тризрачната круна со Плат, Среден Камен и Кривошија (Чичко Јосиф/Безимен), односно токму тој го претставува јазолот кој го поврзува целиот шарпланински масив, издигнувајќи се над изворите и долините на Пена, Смрека и убавото ледничко Бело Езеро кое што се наоѓа веднаш под самиот врв од источна страна. Врвот Трпезница има многу интересен и забележителен изглед со долг и потсечен рамен врв, кој потсетува на трпеза, односно потполно има изглед како трапез. На западната страна врвот завршува со карпест предел над кој штрчат неколку карпести изданоци налик на порта, низ кои минува патеката на Западната Македонска Трансверзала, чии што учесници редовно прават групни слики на „портата на Трпезница".

Патека: ПОПОВА ШАПКА - ТРПЕЗНИЦА

Опис: Патеката за искачување води од планинарски дом Смрека (1800 мнв) - движење по Вакфска патека - Извори на река Смрека- извори на река Пена – врв Џинибег (2610мнв) и врв Трпезница (2590мнв), при што таа е долга околу 34 км и се пешачи 10 -11 часа, со што спаѓа во категорија средно тешка. Од врвот се пружа прекрасна глетка на Белото и Боговинското Езеро и голем број на шарски врвови меѓу кои Титов (Шар), Мал Турчин, Бакардан, Бориславец, Рудока, Челепино, висорамнината Шутман, долината на Пена и Полог.
Должина: 34 км (17 км во правец)
Времетраење: 10 - 11 часа (вкупно)
Тежина: средно-тешка
Можности за искачување и посета на: врв Џинибег - 2610 м.н.в., Бело Езеро
Поаѓање од планинарски дом „Смрека" во 06:30 h на 02.09.2018 (недела)

Мала тура: ПОПОВА ШАПКА - ЈЕЛАЧКИ ЦРН ВРВ
Опис: Патеката „Вргањ" започнува од Планинарскиот дом Смрека на Шар Планина од каде навлегува во густата шума Јелак богата со вргањ, ја преминува Студена Река и се искачува на Црн Врв висок 1873 м.н.в.
Должина: 14 км (7 км во правец)
Времетрање: 4 - 5 часа (вкупно)
Тежина: средна

- ОДРЖУВАЊЕ НА СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРИЗНАНИЈАТА И НАГРАДИТЕ ЗА ЗАВРШЕТОК НА втората сезона на Планинарски предизвик „12 Врвови": САБОТА - 01.09.2018 во 20:00 h во Планинарскиот дом „Смрека" и НЕДЕЛА по завршеток на акцијата во 18:00 h во Планинарскиот дом „Смрека"
- РУЧЕК ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ - НЕДЕЛА по завршеток на двете планинарски акции (во 18:00 h) во Планинарскиот дом „Смрека"

Поаѓање од Скопје:
-САБОТА (01.09.): 08:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар)
* Цена: 1000 денари (вклучено спиење во Пл. дом. „Смрека")
* Спиење во Пл. дом „Смрека": 250 денари

-НЕДЕЛА (02.09.): 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Цена: 500 денари

Mожно е доаѓање со сопствен превоз. Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари (кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови", организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) и обезбедув секој работен ден од 8 до 16 и состаноци на друштвото во четврток од 19 до 21 најдоцна до петок 31.08.2018 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, Верица Тодоровска - 070 342 787 и Лимонка Тасева - 071 591 260 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови" задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

- Тежината на патеките е: тешка на Трпезница и не се препорачливи за почетници (се искачува голема стрмина, во доста топол период од годината) и средно-лесна „Вргањ" до Јелачки Црн Врв која се препорачува за почетници, помалку подготовени и љубители на полесни прошетки во природа.
- Временските услови ќе бидат следени преку сајтот за временска прогноза:https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Trpeznica/long.html (Трпезница)
- За планинарење во летни услови е препорачливо носење на очила за сонце, капа и крема за сончање и резевна маица (пожелно е да се има и лесна јакна ветровка во ранец).
- Задолжително носење на планинарски стапчиња (за стрмни и каменести делови)
- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)
- Храна од ранец на акциите (ручек за сите учесници по враќањето во пл. дом „Смрека")

За овој настан сеуште нема пријавено гости.