Средба со Чурим Долма Шерпа

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

18:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

СРЕДБА СО CHHURIM DOLMA SHERPA ЖЕНАТА КОЈА ШТО СЕ ИСКАЧИ ДВА ПАТИ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ ВО ПЕРИОД ОД СЕДУМ ДЕНА

Во организација на Алпинистичкиот клуб Матка од Скопје и Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина на 21 Јануари во Скопје ќе гостува Chhurim Dolma Sherpa жената која што во 2012 година постави своевиден светски рекорд на највисоката планина на светот – Монт Еверест, искачувајки го врвот два пати во период од само седум дена.

Средбата со Chhurim Sherpa ќе се одржи во амфитеатарот на Сојузот на студенти при Медицинскиот факултет во Скопје на 21 Јануари 2016 година – Четврток, со почеток во 19 часот (влез во клинички центар од кај Тасино Чешмиче).
Во Мај 2012 година Chhurim Sherpa се искачи два пати на Монт Еверест. Првото искачување го направи на 12 Мај, а второто само седум дена подоцна на 19 Мај, со што стана првата жена во светот на која што и успеал ваков подвиг. За остварениот успех Chhurim доби признание и од Гинисовата книга на рекорди.

Chhurim Dolma Sherpa е родена во селото Ghunsa кое што се наоѓа во областа Taplejung во источниот дел на Непал, во близина на границата со Индија, во подножјето на хималајскиот врв Кагнџенѕунга висок 8586 метри.
Chhurim е активно посветена на развојот и популаризацијата на планинарството помеѓу жените во Непал, како и вклучување на непалките во професијата Планински Водич. Инаку и самата е професионален Планински Водич и косопственик на агенција која што организира експедиции и патувања на највисоките врвови на Хималаите за туристи од целиот свет.
Дополнителни информации во врска со настанот може да се добијат кај:

Костантин Циривири – Претседател на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина (078 277 585)

Ристе Калинов – Претседател на Алпинистичкиот клуб Матка од Скопје (070 670 785)

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија