Наслов

Шупља Стена, Дерза-Кораб - 11 октомври 2018
Локација: 
Кораб
Држава: 
Македонија
Датум: 
Четврток, 11 Октомври, 2018 - 05:00

Контакт

Име и презиме: 
ПСД Макпетрол - Скопје

Поради тоа што планинарите ретко имаат можност да го посетат делот од планината Кораб попознат како Танушка Планина (врвовите Шупља Стена 2431 м.н.в, Црн Камен 2400 м.н.в и Дерза 2403 м.н.в), ПСД Макпетрол одлучи да организира акција за искачување на најинтересните врвови на тој потег – Шупља Стена и Дерза – и затоа ќе бидат формирани две групи за искачување.

ГРУПА А:

Опис на акцијата: Поаѓање од с. Жировница – искачување на врвот Шупља Стена 2431 м.н.в.

Технички податоци: 1780 м D+, должина на патеката 22 км. во двете насоки.

Стартна точка: с. Жировница 940 м.н.в.

Опис на патеката: се тргнува од Г. Махала по течението на Таировска Река помеѓу Куртово Ќуле и Арпушки Камен, потоа преку седлото помеѓу Плоча и Три Синори, по изохипса се движиме кон превојот Шкртец. Оттука преку сипарот во подножјето на Шупља Стена повторно по изохипса и потоа нагоре директно до врвот. До самиот врв се стигнува по тревнат терен. Последните 100-150 м. се технички, се поминува по тесен срт, од двете страни се провалии.

Тежина: Ова е многу тешка планинарска тура и за истата е потребна одлична психофизичка подготовка. Не е предвидена за планинари почетници и за оние кои имаат фобија од височина.

Времетраење на акцијата (вкупно): 11-12 часа

Опрема: Планинарски чевли со добар ѓон, планинарски стапчиња, топла облека прилагодена на временските услови, очила за сонце, челна лампа и полн мобилен телефон.

Храна: од ранец, потребно е да се носи најмалку 2 литри вода.

Превоз: со сопствени возила. 05:00 ч. поаѓање од бензиската на Макпетрол во Ѓорче Петров

Водачи: Петар Герасимов моб. 070 330 765; Христифор Саракинов и Елена Петковска

ГРУПА Б (ограничена на 9 учесници поради деликатноста на искачувањето):

Важат речиси истите спецификации како за ГРУПА А, освен:

Опис на акцијата: Поаѓање од с. Жировница – искачување на врвот Дерза – 2403 мнв.

Технички податоци: 1900 м D+, должина на патеката 26 км. во двете насоки.

Опис на патеката: ГРУПА Б се одвојува од ГРУПА А после карпестиот премин под врвот Шуплив Камен. Оттука се користи патеката што траверсира во близина на сртот на планината се до преслапот помеѓу Дерза и Црн Камен. Од таа точка, па се до врвот, искачувањето се одвива тешко, по ронлива карпа. На враќање ќе се искористи северниот (малку поблаг) пристап до патеката и потоа попатно ќе се направи обид да се стигне ГРУПА А.

Времетраење на акцијата (вкупно): 12-14 часа

Пријавување кај водачот: Велимир Граоркоски 071 564 458, veljogr@yahoo.com

НАПОМЕНИ:

Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водачите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици.
Водачите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат препораките на водачите.
Учесниците во акцијата се должни да се придржуваат на брзината на движење која ќе ја одреди водачот.
Сите учесници во групата се движат позади главниот водач (никако пред него).
Организаторот го заддржуваат правото за прекинување или промена на акцијата во зависност од врменските услови или некои други неприлики.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
 
 
8
 
9
 
10
 
 
 
 
 
15
 
16
 
17
 
 
 
 
 
22
 
23
 
24
 
25
 
 
 
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 
 

На Facebook