Наслов

Пирибег 2524м
Локација: 
Шар Планина
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 2 Декември, 2018 - 06:00

Контакт

Име и презиме: 
I love hiking - group Macedonia

Осумнаести врв на Шар планина некаде познат и како Куќиногледски врв. Споен со билото со врвовите Езерски врв и Езерска чука. Не искачен во 2 обиди во овој период од годината. Во трет обид Пирибег.. Додека "base camp" ќе ни биде кафаната на стартната позиција- Беловишки бисер.

ОПИС НА ПАТЕКАТА
-Акцијата започнува со искачување на врвот Пирибег преку селото Беловиште - Петачко Водиче - Слабица 1753м - Ливадица 2497 м - Пирибег 2521 м.
- Турата е иста по тежина како и Љуботен само е 100 метри повисока и 1 км подолга.
Целата акција е 21 км со висинска разлика од 1910 метри.

ТУРАТА И ОПЦИИ:
ОПЦИЈА1:
- Сепак, доколку не сте спремни за целата тура, на врвот Слабица 1753 метри ќе имате крајна точка , со поминати 6 километри.
- Тежина на турата - средна
ОПЦИЈА2:
- Другата малку потешката варијанта е да дојдете до врвот Ливадица 2497 метри кој е на сртот и граничи со Косово. Висинската разлика е 1800 метри со 9 км во движење во правец.
-Тежина на турата - тешка
ОПЦИЈА3:
- И последната опција од Ливадица е Пирибег со 10,5 км во правец и висинска разлика од 1910 метри.
- Тежина на турата- супер тешка
*** На оваа опција не се чекаат последните***
ВАЖНО
Каде и да се најдете во 13:00 Часот - задолжително е да се спуштате кон кафаната Беловишки бисер.

Крајот на турата ја завршуваме во ресторанот "Беловишки Бисер" со малку дружење за подобро запознавање.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ЦЕНА
Превозот е со комбе
ЦЕНАТА е 450 денари.

Во цената е вклучен превоз , грижа на планината, тим на професионални водичи со искуство
ИНФОРМАЦИИ:
Димитрија ✆ 077 -525 616
Дејан ✆ 071-212 808

ВОДИЧ НА АКЦИЈАТА: Дејан Доневски
контакт тел 071/ 212 808
меил: dejan@hiking.mk

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.***
*** СКВИЗ МЕ – од ВТОРНИК до ПЕТОК од 17-19 часот и САБОТА од 12-14 часот.
*** Доаѓање со сопствени возила со нас на турата не е дозволено поради тоа што нема паркинг низ селото и поради тоа што настанува гужва од возила во селото ***

ПОАЃАЊЕ:
- Во 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2, Железничка станица.
- Попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош, CityMall, автобуската кај кружниот во Ѓорче Петров и кај општината во Ѓорче Петров.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
- психофизичка подготвеност за пешачење во есенски услови;
- високи разгазени чевли и гамашни;
- топла облека која штити од дожд и ветер;
- ракавици и капа;
- планинарски стапчиња;
- облекување во слоеви;
- резервни чевли и чорапи кои ги оставате во комбе.ИСХРАНА:
- секој сам си носи исхрана од ранец;
- вода 2 л.;
- суво овошје, сендвичи и сл.

ВАЖНО:
Екипата на I love Hiking group Macedonia не одоговара за тие што се дојдени во сопствена режија. (се мисли надвор од програмата и организацијата)

Правило: (ова важи за тие што не се во групата или влечат сами напред).
Доколку се изгубите и не знаете каде да одите, треба да се чека групата, или пак доколку имате видено маркација пред да сфатите дека не сте на правиот пат, се враќате до маркацијата што сте ја одминале

НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
1
 
 
 
4
 
5
 
6
 
 
 
 
 
 
12
 
13
 
 
 
 
 
 
 
20
 
21
 
22
 
 
24
 
 
26
 
27
 
28
 
 
 
 

На Facebook