Наслов

Меденица- Карбула - Галичник
Локација: 
Бистра
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 18 Ноември, 2018 - 06:00

Контакт

Име и презиме: 
I love hiking - group Macedonia

ПЕД "Guardians of Nature - I love hiking group Macedonia" ве носи на преубавата Бистра (Маврово) со врвовите Меденица 2163мнв и Карбула 2148мнв со крај во селото Галичник.

ОПИС НА ТУРАТА
- Турата е за сите видови на планинари почетници до сите кои искачиле по некој врв оваа сезона. Целта на ова печење е дружбата и уживањето.
- Турата е 14,4 км со елевација од 956 метри, што ја става во лесни тури. ( Водно ипол )
- Има опција за оние кои ќе сакаат да останат на Меденица и од таму да се спуштат до Галичник со што двојно ќе го скратат патот за планинарење. Глетките ќе бидат фантастични за сликање, особено погледот на Дешат и на Кораб од врвот Карбула.

ПРОГРАМА
- Тргнување Железничка Станица Скопје 06;00 часот
- Пауза Маврови анови
- Стартна позиција, месноста Тони Вода
- Искачување на врвот Меденица 2163 м, траверса до врвот Карбула 2148м и потоа спуштање од другиот крај во Галичник каде ќе не чека превозот.
- Задржување 20-30 мин во кафаната на влез во Галичник
- Тргнување кон Скопје најдоцна 17 часот

ПРИЈАВУВАЊЕ И ЦЕНА
Превозот е со комбе или мини бус
ЦЕНАТА е 599 денари.

Во цената е вклучен превоз до Галичник и назад, грижа на планината, тим на професионални водичи со искуство од 4 години, кои водат од 100 до 400 луѓе, на една тура на планина.
НЕ Е ВКЛУЧЕНА – таксата за националниот парк 30 денари секој си ја плаќа секој сам на лице место во инфо центарот во Маврово.

***Турата е во еден правец. Не е препорачлива за со кола.***

ИНФОРМАЦИИ:
Димитрија ✆ 077 -525 616
Дејан ✆ 071-212 808

ВОДИЧ НА АКЦИЈАТА: Дејан Доневски
контакт тел 071-212 808
меил dejan@hiking,mk

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.***
*** СКВИЗ МЕ – од ВТОРНИК до ПЕТОК од 17-19 часот и САБОТА од 12-14 часот

Со уплатата се согласувате на се што е пропишано во ивентот

ПОАЃАЊЕ И ПОПАТНО СОБИРАЊЕ
Поаѓање од Пошта 2 на Железничка станица во 06:00 часот
Попатни станици: автобуската станица кај хотел Карпош, Сити мол и автобуската после кружниот тек во Ѓорче Петров, кај СП Планет.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА
- Разгазени планинарски чевли
- Планинарски стапчиња
- капа,
- ракавици ,
- топла јакна,

ИСХРАНА
Секој сам си носи исхрана од ранец, Вода 2л, сендвичи, суво овошје.

НАПОМЕНА :
** Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
** Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

За овој настан сеуште нема пријавено гости.