Крчин 2341 м.н.в

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Неделата на 13 Мај, патот нè води кон врвот Крчин 2341 м.н.в. на планината Дешат, која се протега во Националниот парк Маврово и Дуфскиот водопад.
Планината граничи со соседна Албанија и нуди прекрасен поглед кон Дебарската Kотлина, кон планината Бистра и врвовите Меденица и Карбула, кон целиот венец на Кораб, кон Проклетие и кон многу други планини и врвови.

ПРОГРАМА:
– Тргнување од паркингот пред Пошта 2 кај Железничка станица во Скопје во 06:00 часот. (без доцнење и успивање)
– Попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош и CityMall, на автобуската кај кружниот во Ѓорче Петров и кај општината во Ѓорче Петров.
– Носете ситни пари за карта за влез во Националниот парк Маврово која чини 30 денари, плус 50 денари за посета на Дуфски водопад.
– Пристигнување во с. Битуше кај месноста Драга, каде што има ливада на 1150 м.н.в.
– Над грамадната карпа Голема краста, која се наоѓа на 1880 м.н.в., на Џинова ливада има вода за пиење. На истата ливада се наоѓа и малото црквиче во чест на Пресвета Богородица, каде што доколку не можете да се качите на врвот, имате убаво место да се одморите и почекате.
– Од црквичката почнува стрмно искачување до самиот врв. На одредени места се поминуваат снежни јазици. Ова, воедно, е и најтешкиот дел од патеката.
– Турата изнесува само 6 км во правец со совладување висинска разлика од 1500 метри.
– За искачување до врвот потребни се околу 4 часа.
– Поради должината на денот, ќе одиме и на најубавиот и најенергичниот Дуфски водопад, кој е единствен од таков вид во регионов.
– Тежина на турата – средна. (Нема тежина поради долгиот ден :))

***Мал тренинг за сите оние кои сакаат да идат на Олимп со нас.

ПРИЈАВУВЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА :
– Цената за превоз по лице е 500 денари.
– Плаќање најдоцна до сабота (12. мај) или до пополнување на местата.

– Хари ✆ 077-743 599
– Дејан ✆ 071-212 808

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите само со предходна консултација на телефоните горе.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење во планински услови;
– високи разгазени чевли;
– ракавици и капа;
– планинарски стапчиња;
– облекување во слоеви

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 л.;
– суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија