Наслов

Кобилица 2528м
Локација: 
Шар Планина
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 3 Февруари, 2019 - 06:00

Контакт

Име и презиме: 
I love hiking

Еднодневна отворена акција на Кобилица (2528 мнв), позната како пирамидата на Шар Планина.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА ТУРАТА:
- средно тешка тура;
- олеснување е тоа што турата е кратка;
- почетна точка на искачување е селото Вејце (1160 мнв);
- должината на патеката е 5,5 км;
- уште на самиот почеток започнува движење по угорнина, поради што се препорачуваат почести паузи;
- се совладува висинска разлика од 1368 метри;
- во зимски услови времетраењето на ова искачување е 4-5 часа.

*** При симнување надолу ќе вежбаме падови со цепин.***

*** Поради острата угорнина, искачувањето на Кобилица е добар тренинг за сите оние кои годинава почнаа да се зацврстуваат.и сакаат да одат на алпските авантури***

*** ВАЖНО ***
1. За да се пријавите на турава потребно е да имате добра кондиција (минимум искачување на Водно за помалку од 1 час и 10 мин).

2. Заради безбедност потребно е да имате ДЕРЕЗИ (без нив искачувањето е речиси невозможно). (Дерези и цепин можете да изнајмите од клубската опрема која е кај Стефанн 077 -617 617)

3. Патот не е во добра состојба, така што организаторот не презема никаква одговорност за тие што планираат да дојдат со сопствен превоз.***

4. Екипата на I love Hiking group Macedonia не одоговара за тие што се движат во сопствена режија, надвор од групата (се мисли надвор од програмата и организацијата).

ОПАСНОСТИ.
-Пролизгување поради неносење на дерези

ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА:
Димитрија Ристевски
контакт тел 077 -525 616
меил: dime_ris@yahoo.com
ДРУГИ ВОДИЧИ: Војниче, Владо, Владе, Киц, Васе, Дејан, Стефан.

ЦЕНА: за превоз на турата 400 денари
Пријавување и информации најдоцна до сабота до 15:00 часот кај:
Димитрија ✆ 077 -525 616
Дејан ✆ 071-212 808

Пријавување и плаќање најдоцна до сабота 2 Февруари- 14:00 часот.
Плаќањето можете да го извршите на ж-сметка но со предходна консултација.
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

ПОАЃАЊЕ:
- во 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2 - Железничка станица
- попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош, CityMall, автобуската кај кружниот во Ѓорче Петров и кај општината во Ѓорче Петров.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:
- разгазени планинарски чевли;
- ДЕРЕЗИ;
- планинарски стапчиња;
- капа, ракавици, топла јакна;
- облекување во слоеви;
- очила за сонце, очила за скијање.
- ЦЕПИН (опција)

ХРАНА:
- секој сам си носи исхрана од ранец (суво овошје, сендвичи, енергетски барови и сл.)
- вода 1,5 л.
- жен-шен, електролити.

*** НАПОМЕНА ***
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување или поради непоседување соодветна опрема наведена во описот на настанот.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции во зависност од временските услови и други технички препреки.

П.С. Доколку има нови или дополнителни информации, тие ќе бидат истакнати на ивентов.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
1
 
 
 
4
 
5
 
6
 
 
 
 
 
 
12
 
13
 
 
 
 
 
 
 
20
 
21
 
22
 
 
24
 
 
26
 
27
 
28
 
 
 
 

На Facebook