Наслов

Караниколички езера #2018
Локација: 
Шар Планина
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 23 Септември, 2018 - 06:00

Контакт

Име и презиме: 
I love hiking - group Macedonia

Еднодневна планинарска акција организирана на преубавата Шара со Караниколичките езера на 2180мнв и Караниколички врв 2409 мнв и Скарпа 2469мнв.

Турата е за сите видови на планинари од почетници до сите кои искачиле по некој врв оваа сезона. Целта на овој ивент е дружбата и апсорбирањето на последните летни сончеви зраци во комбинација со чистиот воздух покрај планинското езеро.

ОПИС НА ТУРАТА:
Искачувањето за сите учесници започнува од с.Вешала на 1250 мнв , за тие што ќе сакаат повеќе да лежат покрај езерото турата ќе заврши на 2180 мнв со висинска разлика од 930 метри (Водно и пол) со должина од 12 км во двата правци. ( 6км во правец )

**За оние кои се чувствуваат поентузијастички и нема да сакаат да застанат ќе можат да го качат и врвот Караниколица (2409 мнв), врвот Скарпа (2469мнв) и, ќе имаат 250 мнв и 2км повеќе од другите.
Глетките ќе бидат фантастични за сликање особено од Караниколички врв од каде ќе се гледа цело Косовско Поле и Проклетие, додека во МКД ќе имаме нова перспектива кон Лешница и Голем Турчин . Самата патека е живописна се поминува покрај Караниколската река, покрај понори и камен мост.

Oд селото Вешала после еден час има чешма каде може да се наполни вода, а до чешмата до самите езера се потребни два часа.

Турата е организирана со комбиња и се поминува од кај с.Шипковица по лош пат до с.Вешала. Организторот не презема никаква одговорност за тие што планираат да дојдат со сопствен превоз.

ПРОГРАМА:
- Тргнување од Пошта 2- Железничка станица Скопје во 06:00 часот
- Пристигнување во с.Вешала (1250 метри)
- Искачување до езерата, голем одморр, слободни активности
- Една група останува тука а, другата група се упатува кон врвот Караникола (2409 метри)
- Одмор на врвот и враќање кон езерото
- Собирање и враќање кон превозот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
ЦЕНА за превоз е 450 денари
- Пријавување најдоцна, до 22-Септември. 14:00 часот или до пополнување на местата.

ПОПАТНО ЗАСТАНУВАЊЕ
- Автобуската каj хотел Карпош,
- CityMall
- Автобуската на кружниот во Ѓорче Петров
- Кај општината во Ѓорче Петров.

ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ
Стефан ✆ 077/ 617 617
Дејан ✆ 071/ 212 808

ВОДИЧ НА АКЦИЈАТА
Дејан ✆ 071-212 808 - dejan@hiking.mk

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
- Разгазени планинарски чевли
- Капа за сонце, очила за сонце, крема со заштитен фактор.
- Облека која штити од ветер

ИСХРАНА :
- Секој сам си носи храна во ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен, електролити и сл.)
- вода 2л

НАПОМЕНА :
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

За овој настан сеуште нема пријавено гости.