Го сакам Водно – vol. 2 – „Не низ Водно!”

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

08:20

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Сакаш Водно да е заштитена зона? Сакаш да ја сочуваш природата која ти дава мир, те полни и прочистува? Сакаш да се престане со изградба во парк шума Водно?

Дојди на Врв на Водно – заеднички да ја пренесеме нашата порака за зачувување на нашето природно богатство, гласно да ја кажеме нашата порака: НЕ НИЗ ВОДНО!

Биди во 10:30часот без доцнење, на чистинката под крстот.
Ќе има музика, ќе има активности во знак на поддршка на она што ни значи : Водно без понатамошни минирања, копања, механизации, сечење на шумата, уништување на бројни живеалишта…

Земи пријател, дојди на врв! Сподели, рашири, сликај се, постирај.
#СитеНаВодно #SiteNaVodno #ГоСакамВодно #GoSakamVodno
#NeNizVodno #НеНизВодно

Од врв потоа можеш да се придружиш на организирана прошетка по сртот на Водно до местото каде се стационирани багерите , предводена од наши водичи кои детално ќе ви ги укажат сите убавини кои некој предвидел да се избришат засекогаш од сртот на Водно, нешто кое ние сакаме да го спречиме.

За оние кои никогаш не ја пешачеле стазата по сртот, тоа не е напорна стаза, има благи нагиби и уздолници, поминува низ убав предел и е одлична за фамилијарна прошетка!

МОЖЕБИ СКОПЈЕ Е ПРАЗНО, МОЖЕБИ Е ПЕКОЛ, НО ВОДНО ЗАСЛУЖУВА ДА СЕ ОДБРАНИ!

ЗАТОА БИДИ ГОРЕ! 10:30 НЕДЕЛА 19.08.2018!

ПОНЕСИ:
ранец со 1л вода. ( а може и храна) 😉
Капа, крема и очила за сонце.
маичка за пресоблекување
удобни обувки
и ПОЛН МОБИЛЕН за селфи).. 🙂

ВАЖНО :
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување, како и доколку врши партиско етикетирање на настанот, наметнува политички ставови, шири политичка/партиска пропаганда, родова и верска омраза и дејствува спортивно на целта на настанот.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Водно не чува нас, да го сочуваме и ние Водно !

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија