Eднодневна акција на врвот Љуботен

Датум на почеток:

05.06.2018

Време на почеток:

04:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПК Македон организира

Отворена еднодневна акција на врвот Љуботен 2499 м.н.в.
6 мај 2015

Турата започнува од с. Старо село (900 м.н.в), преку планинарскиот дом Љуботен (1650 м.н.в.) до врвот Љуботен на 2499 м.н.в. и е во траење од 5 часа (во зависност од спремноста на групата) и искачување на 1600 m висинска разлика. За оние кои нема да сакаат/можат да го качат врвот постои опција да ја чекаат групата во планинарскиот дом. Првата кратка пауза е кај домот по 1,5 час пешачење, од каде се продолжува до врвот.

Турата е средно тешка, но сепак бара доволно подготвеност и кондиција, особено во вториот дел и искачувањето на врвот. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, гамашни, капа, ракавици и јакна/кабаница поради можни остатоци од снег и променливо време, а од храна лесна храна/овошје. Вода може да се наполни во Старо село и во домот (од домот до врвот нема чешми).

Поаѓањето е во 6,30 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Старо село. Бројот на местата се ограничени.

Пријавувањето задолжително се извршува на телефон 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до сабота 5 мај. Цената е 350 ден.

Резервацијата на место е исклучиво со уплаќање. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани.

* * *

НАПОМЕНА: Секој учесник одговара за својата психофизичка состојба. Учесници можат да бидат планинари/ки кои имаат доволно кондиција и физичка спремност. Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. ПК Македон обезбедува свои водичи на турата. Други планинарски друштва кои се приклучуваат на турата се должни да обезбедат свој водач. Задолжително е пријавувањето и за оние кој доаѓаат со свој превоз. Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Организаторот го задржува правото за промена на турата поради различни причини.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија