Уличен тренинг – Street Workout vol. 1

Датум на почеток:

07.05.2014

Време на почеток:

08:55

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПРОЕКТ:

„Уличен Тренинг“ (Street Workout)
5 – 15 Јули, Битола Македонија

Темата на овој проект е “Уличен Тренинг” (Street Workout), кој се основа на вежби со користење на јавни објекти, како што се опрема во училишните дворови или парк. Движењето “Уличен Тренинг”, поддржува здрав живот преку лесно достапни и финансиски евтини средства.

“Уличен Тренинг” постојано добива признание и популарност низ целиот свет, особено меѓу младите луѓе, како општествено движење и како демократска спортска активност. Целта на овој проект е преку “Уличен Тренинг” да се зголеми активното учество на младите луѓе и да се промовира здрав начин на живот во урбаните средини.

Целите на оваа Младинска размена се:
– Да се промовира културната разновидност и заемно почитување меѓу младите луѓе преку “Уличен Тренинг”;
– Да се промовира Youthpass клучни компетенции и ги развијат за време на размената
– Да се зголеми мобилноста меѓу младите луѓе од проблематични урбаните средини преку Програмата Млади во Акција.

Преку оваа младинска размена, Асоцијација 615 ќе биде домаќин на 9 организации во Битола, Македонија и ќе има 50 учесници од Македонија, Португалија, Франција, Латвија, Шпанија, БиХ, Хрватска, Грузија, Косово и Србија. За остварување на целите ќе се користат информални и неформални методи.

Учесниците ќе имаат можност да ги споделат своите знаења и искуства преку различни активности, вежби, работилници, сесии со професионалци, тркалезни маси и креативни презентации.

Проектот е поддржан од програмата на европска унија – Млади во акција

Автор

Дејан

Скопје

Македонија