Премиера на документарниот филм Ѕвезден запис над Кокино

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

19:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Кокино, древна приказна која трае 4 милениуми. Сместено на само 75 километри од Скопје и на надморска височина од 1030 метри на врвот Татиќев камен. Интересно е дека оваа мегалитска опсерваторија која беше откриена во 2001 година и која потекнува од бронзеното време, за само неколку години од НАСА беше ставена на 4. место како една од најважните опсерватории во светот, заедно со Мачу Пикчу во Перу, Стоунхенџ во Велика Британија или Ангкор Ват во Камбоџа.

Во филмот е раскажан историјатот, археолошките откритија и мистериите на овој древен објект.
Македонскиот Стоунхенџ во 2005 година е препознат од НАСА како опсерваторија постара дури и од Мачу Пикчу.
Која древна цивилизација ја изградила оваа опсерваторија која истовремено е и света планина и клендар за читање на времето и небесните тела? Кои се луѓето кои го следеле движењето на мистичните Плејади? Документарниот филм „Ѕвезден запис над Кокино” ќе се обиде да одговори на овие прашања и на многу други.

Ѕвезден запис над Кокино-Документарен филм посветен на ова мистично место кое ќе не одведе по стапките на нашите предци уште од бронзеното време.

ДМФ продукција ве поканува на отворена премиера на 25.02.2019 година во 20:00 часот во Кино Форсина. Ве замолуваме поради ограничениот број на места, претходно да се најавите на [email protected]

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија