Активистичка борба за зачувување на шумите: Хамбах (Гер) и Водно

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

19:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Кога се случуваат проекти кои ја пустошат животната средина, често мислиме „ова го има само во Македонија”. Но дали навистина е така, односно дали е тоа локален или глобален проблем кој произлегува од економско-политичкиот систем кој што доминира со речиси целиот свет?

На гости ни доаѓаат две активистки за спас на шумата Хамбах, Германија, Рамона Франк и Мара Апелхаген. Тие воедно се и пост-дипломски студентки на Рејчел Карсон Центарот за животна средина и општество при Лудвих Максимилијан Универзитетот во Минхен.

Рамона и Мара ќе ја претстават битката за заштита на шумата Хамбах – спротивставените страни, различните човечки и не-човечки фактори, како и севкупното влијание што оваа битка ја има за природата но и за германското општество.

Бидејќи една од целите на нивната посета е размена на знаење и искуства гости на презентацијата ќе бидат и дел од активистите на граѓанската иницијатива Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно: Андреа Јанков, Татјана Стојановска и Мира Беќар. Тие ќе ја презентираат својата борба и искуство во одбраната на парк шумата Водно.

Шумата Хамбах, лоцирана во северо-западна Германија, е предмет на гола сеча од 1978 година, заради ископ на јаглен од енергетската компанија RWE. Во последните 6 години шумата е окупирана од активисти со цел да го сопрат безмилосното сечење на оваа 12.000 години стара шума. Шумата Хамбах стана еден од симболите во борбата против индустријата на фосилни горива, но и место на силен отпор и протест. (https://en.wikipedia.org/wiki/Hambach_Forest)

Ваквите средби и дискусии се начин на вмрежување на сличните иницијативи и размена на искуства, како и осознавање на сличностите и разликите на овој навидум локален, а всушност глобален проблем. Обид со поврзување на локалните битки од типот на Давид против Голијат каде се чувствуваме немоќни, во едно силно глобално движење за заштита на животната средина.

По презентацијата следува отворена дискусија. Јазикот на презентациите и дискусијата е англиски.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија