ШАРСКИ ВОДИ 2014

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Друштвото за планинарски спортови „Трансверзалец” од Скопје на ден 29.06.2014 година (недела) го организира Меѓународниот Планински Велосипедски Маратон „ШАРСКИ ВОДИ 2014″ – спортска манифестација која е од рекреативен и натпреварувачки карактер.

Ве покануваме да земете учество на оваа спортска манифестација од рекреативен карактер која ќе се одвива според следнава програма:

Старт: Планинарски дом „Смрека” на Попова Шапка во 7,00 часот на 29.06.2014 г.

Патека: Велосипедска патека по текот на Шарски води за голем маратон во должина од 98 км, а за мал маратон 75 км, со висинска разлика од 800 метри во времетраење од 8 до 10 часа обезбедена со три контролни точки и обележана со патокази.

Цел: Вруток, Изворите на Реката Вардар. Отворена трка до 19,00 часот каде што ќе има културно забавна програма и за ручек гравче.

Стартнина: 150 денари за мал маратон, а 250 денари за долг маратон.
Превоз: Од Скопје (Пошта- Железничка станица во 5,00 часот) до Попова Шапка и назад од Вруток до Скопје. Цена: 600 денари, заедно со велосипед.
Од Тетово (од Супермаркет Веро во 6,00 часот) до Попова Шапка и назад од Вруток до Тетово. Цена 500 денари заедно со велосипед.

Опрема: Добро опремен велосипед, алат, за гуми треба внатрешни резервни, пумпа и кацига.

НАПОМЕНА: Право на учество има секој кој се чувствува здрав и способен за ваков предизвик и учествува на своја одговорност. Организаторот не одговара за последиците кои би се случиле вон оваа програма, како и за непријавените учесници кои не ја платиле гореспоменатата партиципација.
За учество на овој маратон обврзани сте да ги платите горенаведените цени (за превоз и старт) по учесник во рамките на кој организаторот обезбедува:

Организирано водење и обезбедена велосипедска патека
Културно забавна програма (ручек планинарско гравче).
Можност за ноќевање во Планинарски дом „Смрека” на Попова Шапка по цена од 300 денари.

Пријавување и плаќање до 25.06.2014 година (заради обезбедување на камион и автобуси).

КОНТАКТ ТЕЛЕФОНИ: 02 3 221 350, 070/641 – 998 , 072/227 – 817

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија