Роденденска Критична маса #61: Скопје, стани за 5-ка!

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

15:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Датум: среда, 31.05.2017
Почеток на КМ: 17:30 ч, Плоштад Македонија
Крај на КМ / Почеток на роденденска забава: 19:00 ч, Школка, Градски Парк
————————-
Музиче: DJ Shurbe, DJ Slave, Dj Goce + вело изложба (пријави се тука https://www.facebook.com/NaTochak/posts/1346415602092915)
————————-
Рута: http://bit.ly/2qtU4Bg
Промотивни материјали: http://natochak.blogspot.mk/2017/05/61-5.html
Блог-пост: http://natochak.blogspot.mk/2017/05/61-5_20.html
————————-

5 години ги шараме улиците заедно преку велосипедските возења наречени Критична маса. Илјадници граѓани се појавија, некои еднаш, некои повеќепати, некои и не пропуштаат Критична маса! Паралелно со Критична маса, водевме и институционална битка, работевме на кревање на свеста кај граѓаните, но ги бомбардиравме со дописи градската администрација и други институции.

За овие години Критичната маса за вело-промени порасна и промените веќе почнаа да се случуваат. Зад нас се 60 критични маси без пропуштање ниеден месец и неколку вело-победи. Можеме да прославиме и да си честитаме едни на други!

Ставовите и навиките ни се менуваат низ времето и влијаат на градот и културата во него. Оттука секој човек на точак плус е позитивна промена. Нашите (не)акции го градат градот и го прават подобар или полош за живот. Оттука, секој активен граѓанин плус (без оглед дали праќа пријави или прима пријави), уште поактивно ја менува големата слика. Гледаме дека дека работите во вело-смисла почнаа да се поместуваат кон подобро. И тоа го правиме сите ние заедно, секој придонес е важен во сложувалката.

Ве покануваме постигнатото во овие 5 години да го прославиме заедно. Да порачаме дека ова е само почеток, дека ни од далеку не е доволно, дека мора да продолжиме како критична маса да растеме!

Во овие 5 години змејчето Скопје учеше (и некои работи добро ги научи):

– Дека може да се вози споро и свесно на велосипедски настан (критична маса) без тркање, туку со уживање.
– Дека Скопје е идеален за точак!
– Дека точак не е само спорт, туку и секојдневен превоз за сите
– Дека градот има велосипедски простор кој треба да се доведе во возлива состојба.
– Дека градот треба да вложува и во нова велосипедска инфраструктура.
– Дека за точак се слеани рампи, а не трескави рабници.
– Дека треба да си го бараме просторот што ни следува!
– Дека кога сме упорни и посветени, промени се случуваат!

Следните лекции за Скопје се на тема:

– Предност и почит кон ранливите учесници во сообраќајот.
– Успорување на сообраќајот со инфраструктурни решенија.
– Велосипедски ленти низ маалските (општински) улици.
– Заштита од паркирање на пешачките/велосипедските површини од полицијата или комунални служби.
– Повисоки стандарди на изработка и одржување на вело-инфраструктурата.
– Пошироките улици за коли – извор, а не решение на проблемите.

Ни остана и најголемата лекција – здравјето, животната средина, човечкиот живот да бидат водилка во било какви планирања на сообраќајот во градот.

Ни останаа уште многу лекции за учење, најпрво како граѓани, учесници во сообраќајот, одговорни министри, градски администрации и вело-активисти. Полека ги совладуваме.
И сигурни сме дека еден ден ќе нè има повеќе на точак!
Ќе има повеќе велосипедски патеки! Ќе има поинакви, посвесни политики и Скопје ќе биде многу подобар град, град за 5-ка!

Да го прославиме заедно постигнатото во овие 5 години и да се охрабриме за уште повеќе!

Извадете ги точаците, и да не сте нè дружеле претходно, ова е приликата да ја осетите атмосферата на Критична маса!

СКОПЈЕ, СТАНИ ЗА 5-КА!

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија