Планински велосипедски маратон „ПЛАЧКОВИЦА 2013“

Датум на почеток:

08.04.2013

Време на почеток:

08:10

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Велосипедскиот маратон е во организација на Велосипедската федерација на Mакедонија, општина Радовиш и велосипедскиот клуб „СВИОК”.
Малиот маратон е 33 км, учество е 300 ден, кој ке уплати до 30-ти Јули, потоа 400 ден.
Големиот маратон е 66 км, учество е 400 ден, кој ке уплати до 30-ти Јули, потоа 500 ден.

Уплакање може да извршите на сметка на ВК.Свиок жиро сметка: 210- 0664794401-18 депонент тутунска банка, даночен број 4023010504478, или во PROBIKE Скопје.

Пријавување и земање бројки од 09:10 мин до 10:33 мин.

Стартот ќе биде во 10:50 минути.

Во текот на возењето ќе имате 2 контролни точки со овошје и нешто за освежување, и се разбира вода, а за крај ручек за сите учесници.
Право на учество имаат сите љубители на велосипедизмот, а помладите од 18 години со дозвола од родител или старател, се разбира со технички исправен велосипед и задолжително носење на заштитна кацига.
Секој учесник стартува на сопствена одговорност.
Наша екипа ќе започне со работа на подготовките на патеката од 1-ви Август.
Кој сака да дојде порано ние ќе бидеме таму да се дружиме со музика на 1-ви, 2-ри и 3-ти вечер.

Има можност кој сака да дојде порано, да си закаже сместување во хотел „Бел камен” со 4* цена за 2-ца е 2800 денари со доручек тел: 070 391 927, или во планинарскиот дом по 150 денари од лице тел: 070 302 021, ако не останува бесплатната варијанта да си донесете шатор…

Информации во врска со „СЕ”:
Стојан: 070 310 783; 078 315 213
Драган: 071 253 644

Автор

Дејан

Скопје

Македонија