Крушево низ корија – четврт пат

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Драги пријатели !!!
На 18ти и 19 ти август ќе се случи четвртиот по ред фестивал на отворено „Крушево низ корија” кој ќе ги задржи содржините од изминатите години и ќе опфати : кампување на Мечкин камен со сите придружни содржини и забава,традиционална тура со планински велосипеди, планинарска тура низ Крушевската корија и тандем летови со параглајдер .

Секој учесник на фестивалот треба прво уредно да ја пополни апликацијата за пријавување која ќе ја објавиме …кај организаторот ќе добие ваучер и белезица со кој ќе може да ги користи сите погодности што ги нуди фестивалот како што се :
1.Место во кампот на Мечкин камен;
2.учество на MTB турите (мала и голема);
3. Учество на планинарската тура;
4.Можност за летање со параглајдер по повластена цена;
5. Дружење во кампот на целодневна журка со DJ и вечерната журка во кампот;
6.Сувенир маичка и марама (по скопски бандана 🙂 ) со логото на фестивалот;
7.Освежување и мезе со производите на пријателите на фестивалот на постојните пунктови;
8.Освежување со пијалоци и овошје на пунктовите;
9.Заеднички ручек во Хотел Монтана;
10.Присуство на планински и велосипедски водичи ;
11.Присуство на сервис служба која ќе работи на отстранување на дефектите, доколку настанат при возењето;
12.Присуство на медицинска служба;
13.Присуство на служба за спасување;
… сето ова ќе ве чини 500 денари..повелете пријавете се…пријавувањето започна 🙂

Велосипедската тура ќе се вози на 19.08.2018г(недела) на две патеки :

1.Рекреативна велосипедска тура низ Крушевските знаменитости
Старт 10:15 ч. Мечкин Камен

https://www.strava.com/activities/671367408

2. Офроуд велосипедска тура низ Крушевската корија
Старт 10 ч. Мечкин Камен

https://www.strava.com/activities/671465311

3 .Тандем летови со параглајдер ќе има во сабота , 18.09.17 , од 10.00ч – 19.30ч и недела , 19.08.18 , од 10.00ч – 19.30ч . Сите љубители на летањето со параглајдер треба да си подигнат ваучер од кај организаторот (во кампот на Мечкин камен)….промотивната цена која ќе важи овие два дена е 1700 денари + 300 денари за кој сака фото и видео;

4. Планинарската тура ќе се одвива по следната рута:Мечкин Камен -Манастир Св.Василиј-Манастир Св.Спас (каде што ќе има пункт со освежување и пауза) – се продолжува со искачување до Крушево каде што планинарите ќе можат групно да ги посетат културно историските споменици.Во Хотел Монтана за сите планинари има обезбедено планинарско гравче и салата.
…можеме да ја окарактеризраме како средно тешка тура со должина од 14 км.
GPS податоци наскоро
….истата ќе се реализира на 19.08.2018 (недела) со старт во 10.00ч
– Организаторот го задржува правото на корекции за одреден дел од патеките.

ВАЖНО!!!!!!
-Секој учесник на фестивалот при пристигнувањето во кампот е обврзан да пополни и потпише ИЗЈАВА за учество на сопствена одговорност;
– Секој учесник на велосипедската тура треба да има технички исправен планински велосипед;
– За секој учесник на велосипедската тура задолжително е носење на заштитна кацига;
– Сите учесници настапуваат на сопствен ризик , односно организаторот не презема одговорност за постапките на учесниците со кој би се загрозиле себеси или друите учесници.
– За малолетни лица потребно е придружба од родител-старател.
– Напред возат лица со рефлектирачки елеци кои учесниците треба да ги следат.
– Строго е забрането возење пред лицата што ја водат групата и напуштање на обележаната патека.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија