Наслов

Да зборуваме за клима и #НаТочак
Локација: 
Парк Жена-Борец
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 21 Септември, 2019 - 19:00

Контакт

Климатските промени се проблем кој не можеме повеќе да го игнорираме. Нашата земја ги трпи последиците од климатските промени – долги сушни периоди, бури со силни ветрови и град и нема финансиски средства да се справи со нив.

Климатските промени и мобилноста на граѓаните, особено во градот се тесно поврзани меѓу себе. Транспортниот сектор во земјава учествува со 13% во вкупните национални емисии во 2014 година, а одтогаш имаме растечки тренд поради се поголем број на луѓе во градовите. Од друга страна пак климатските промени директно влијаат на мобилноста на граѓаните, правејќи го неможно движењето на луѓето и добрата во услови на екстремни временски услови како топлотни бранови и бури.

Сообраќајот влијае и врз здравјето на луѓето и квалитетот на живот, предизвикувајќи загадување на воздухот и бучава.

Потребно е да размислуваме како да го прилагодиме секторот транспорт на екстремните временски услови и во исто време да влијаеме на ублажување на климатските промени преку фаворизирање на форми на транспорт со низок јаглероден отпечаток.

Повеќе велосипедски и пешачки зони во градот со функционално зеленило со цел олеснување на движењето во услови на високи температури. Автопати за велосипеди кои ќе ги поврзуваат градовите.

На 21 Септември како дел од Европската недела на мобилност и дел од настаните на Недела за иднината придружете ни се на велосипедско возење низ градот кое ќе заврши со проекција на филм за климатски промени во Градскиот парк.

Старт: 19:00 во паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули
Крај: 19:30 пред Школка во градски парк
20:00 Филмска проекција под отворено небо

Секој велосипед носи транспарент со порака за клима или подобрување на мобилноста во градот.

Ние немаме повеќе време да размислуваме дали може да се направи- градот може и треба да се развива одржливо и дека само на овој начин ќе се подобри квалитетот на живот и здравјето на урбаните жители.

Да бидеме генерациите што ќе ја зачуваат иднината!

Доколку сакате да учествувате на настанот а во моментов не поседувате велосипед, пријавете се, а организаторите ќе ви обезбедат велосипед.

Контакт лице: Кристина Бужароска, е-маил: kristina.buzaroska@cnvp-eu.org

Настанот е дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени" спроведуван од Еко-свест, ЦНВП и ДЕМ. Проектот е финансиран од Европската унија.

#ДаЗборувамеЗаКлима #ПетоциЗаИднината #mobilityweek #walkwithus

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

На Facebook