Соопштение за медиуми од З.Р. Треска – Кичево

Наслов

Помор на автохтона македонска пастрмка

Помор на автохтона македонска пастрмка „ Salmo Macedonicus" во реката Треска. Поморот се случи после обилните дождови на 05 и 06 Август 2015 , во реонот на Зајашка река и реката Треска на потегот од стадионот на Ф.К. Влазрими до с. Староец во должина од околу 8 км.

Екипа на Здружението на спортските риболовци „Треска" од Кичево пo дојава за поморот од страна на месното население од с. Бигор Доленци излезе на терен и ја утврди фактичката состојба. Констатиран е катастрофален помор на автофтоната македонска пастрмка „ Salmo Macedonicus" со проценка дека се отруени околу 5 тони риба. Рибата е утврдено дека е задушена од недостаток на кислород поради присуство на суспендирани материи и амониеви раствори, што е и утврдено и во анализите на поморите во предходните години кои се случуваат секоја година во текот на летниот период.

Земените примероци се дадени на анализа во подрачната единица на министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство за утврдување на причинителот на помород. Забележана е појава дека поединци од месното население по течението на реката каде е случен поморот збирале големи количини на риби кои се задушувале заради недостатокот на кислород. Најдени се примероци од 2-3 Кг. но повеќето се со големина 200-400 г. меѓутоа најмногу е настрадан подмладокот од мрестот од изминатите неколку години.

За дополнителни информации контактирајте го претседателот на З.Р. Треска – Кичево
Димитар Петкоски на моб. 077 548 263

07 Август 2015

За авторот