Наслов

Октомври почнува со национална акција за чистење

За да се вклучиш се што треба е да се појавиш! 1ви Октомври, Сабота. 150 локации низ 50 општини во Македонија. Пронајди ја најблиската локација и оди на чистење, не му ја мисли многу, ѓубрето нека му ја мисли.

Денеска како вовед за утрешната национална акција, започна чистење на Матка.

Утре низ цела Македонија ќе се чисти - затоа што сите сакаме да ги снема дивите депонии и несовесно фрленото ѓубре. 

Националната акција е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016" кој има за цел:

  • да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината,
  • да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и 
  • да развие механизам за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.

Во акцијата ќе учествуваат граѓански организации, општини, училишта, компании и волонтери кои ќе помогнат да се исчистат и илузиите дека отпадот ќе исчезне сам. Твојот интерес за почиста држава насочи го на следниот линк, информирај се и активирај се за чистење.

Линк

30 Септември 2016

За авторот